Линкови за пристапност

Последен ден од борбената пауза меѓу Израел и Хамас - се прават напори таа да продолжи


Палестински затвореник, облечен во сиво, гестикулира меѓу поддржувачите и роднините откако беше ослободен од Израел.
Палестински затвореник, облечен во сиво, гестикулира меѓу поддржувачите и роднините откако беше ослободен од Израел.

Израел и Хамас влегоа во планираниот последен ден од четиридневниот прекин на огнот, со очекувања Израел да ослободи повеќе палестински затвореници, а Хамас да ослободи повеќе заложници во услови на притисок за продолжување на примирјето.

Хамас посочи дека ќе го продолжи договорот, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата повтори дека Израел ќе го поздрави продолжувањето што вклучува Хамас ослободување на уште 10 заложници дневно.

Првичниот договор, кој стапи на сила по шест недели војна, вклучуваше ослободување на вкупно 50 заложници на Хамас, а од страна на Израел ослободување на 150 палестински затвореници, како и пауза во борбите.

Од Обединетите нации вчеравечер соопштија дека се ослободени вкупно 39 Израелци, 117 Палестинци и 19 странски државјани.

САД, Египет и Катар се меѓу оние кои се залагаат за продолжување на паузата, откако претходно работеа на преговорите за сегашниот четиридневен прекин на огнот.

„Тоа е моја цел, нашата цел е оваа пауза да трае подолго од утре, за да можеме да видиме како излегуваат повеќе заложници и повеќе хуманитарна помош за оние на кои им е потребна помош во Газа“, рече американскиот претседател Џо Бајден пред новинарите во неделата.

Белата куќа соопшти дека Бајден и Нетанјаху оствариле телефонски разговор за ослободувањето на заложниците и дека разговарале за паузата во борбите и зголемена дополнителна хуманитарна помош во Појасот Газа.

Дел од информациите се од Асошиетед прес, агенцијата Франс-прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG