Линкови за пристапност

Девет жени и еден малолетник меѓу новите ослободени заложници, рече Катар


Според Клубот на палестински затвореници, полуофицијална организација, Израел за возврат се очекува подоцна денес да ослободи 30 палестински затвореници од израелските затвори - 15 жени и 15 мажи
Според Клубот на палестински затвореници, полуофицијална организација, Израел за возврат се очекува подоцна денес да ослободи 30 палестински затвореници од израелските затвори - 15 жени и 15 мажи

Хамас започна со предавање на повеќе израелски заложници денес на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, изјави палестински претставник, на петтиот ден од продолженото шестдневно примирје во војната во Газа.

Официјалниот претставник не даде повеќе детали, но израелската војска, повикувајќи се на информации од Меѓународниот комитет на Црвениот крст, рече дека 12 заложници биле на пат кон израелска територија - 10 Израелци и двајца странски државјани.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, кое посредува во конфликтот, рече дека меѓу ослободените израелски заложници има девет жени и еден малолетник.

Според Клубот на палестински затвореници, полуофицијална организација, Израел за возврат се очекува подоцна денес да ослободи 30 палестински затвореници од израелските затвори - 15 жени и 15 мажи.

Доколку се потврди, вкупниот број на заложници кои Хамас ги ослободи од почетокот на примирјето минатиот петок сега ќе изнесува 81, вклучувајќи 60 Израелци, сите жени и деца, и 21 странски државјанин, главно тајландски земјоделци.

Заложниците се меѓу околу 240 лица кои беа киднапирани од вооружени лица на Хамас за време на нападот во јужен Израел на 7 октомври, при кој убија 1.200 луѓе.

Здравствените власти во Газа соопштија дека повеќе од 15.000 луѓе се потврдени убиени во израелскиот напад на територијата на Хамас, од кои околу 40% се деца, а многу повеќе загинати се стравува дека ќе останат под урнатините.

Примирјето требаше да истече во текот на ноќта во вторник, но двете страни се согласија да ја продолжат паузата за да се овозможи ослободување на повеќе заложници кои ги држеше Хамас и палестинските затвореници кои ги држеше Израел.

Израел соопшти дека примирјето може да се продолжи дополнително, под услов Хамас да продолжи да ослободува најмалку 10 израелски заложници дневно.

XS
SM
MD
LG