Линкови за пристапност

Израел и Хамас се согласија да го продолжат примирјето за уште два дена


Продолжувањето на привремениот прекин на огнот беше преговарано од Катар и дојде на последниот ден од првобитното четиридневно примирје меѓу завојуваните страни
Продолжувањето на привремениот прекин на огнот беше преговарано од Катар и дојде на последниот ден од првобитното четиридневно примирје меѓу завојуваните страни

Израел и Хамас денес постигнаа договор за продолжување на примирјето во Газа за уште два дена, при што милитантите ќе ослободат повеќе заложници, а еврејската држава повеќе палестински затвореници, објави катарската влада.

Продолжувањето на привремениот прекин на огнот беше преговарано од Катар и дојде на последниот ден од првобитното четиридневно примирје меѓу завојуваните страни.

САД, кои повикуваат на примирје се` додека се ослободуваат заложниците, рекоа дека го поздравуваат продолжениот прекин на борбите.

Израел рече дека ќе ја запре својата копнена инвазија и воздушниот напад врз Хамас во појасот Газа за еден ден повеќе од првичниот договор за секои 10 дополнителни заложници што Хамас ќе ги ослободи и ќе ослободи трипати повеќе од многуте Палестинци држени во израелските затвори за различни прекршоци.

Хамас потврди дека се согласил на дводневно продолжување „под истите услови“.

Доцна денес се очекуваше четврта размена на заложници кои ги држеше Хамас за палестински затвореници, при што беа ослободени вкупно 50 израелски заложници во последните четири дена и 150 Палестинци ослободени.

Додека продолжениот прекин на огнот дава перспективата за подолго примирје, Израел остана непопустлив во својата наведена цел да ги уништи воените капацитети на Хамас и да стави крај на неговото 16-годишно владеење над Газа, тесната територија покрај Средоземното Море, по нападот на 7 октомври на Хамас врз јужен Израел во кој загинаа околу 1.200 луѓе и беа заробени околу 240 заложници.

Во израелската офанзива против милитантите на Хамас во Газа загинаа повеќе од 14.000 луѓе, според здравствените власти во Газа.

Белата куќа во неделата соопшти дека претседателот Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарале за ослободувањето на заложниците и разговарале за паузата во борбите и напливот на многу потребната дополнителна хуманитарна помош во појасот Газа.

Дел од информациите во текстот се од АП, агенција Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG