Линкови за пристапност

Директорот на ЦИА е во Катар да разговара за Израел и Хамас и заложниците


Американски официјален претставник потврди за Гласот на Америка дека директорот на ЦИА Вилијам Барнс отпатувал во Катар денес на разговори на високо ниво, „вклучувајќи и дискусии за заложниците“
Американски официјален претставник потврди за Гласот на Америка дека директорот на ЦИА Вилијам Барнс отпатувал во Катар денес на разговори на високо ниво, „вклучувајќи и дискусии за заложниците“

Американскиот претседател Џо Бајден испрати еден од своите најдоверливи и потенцијално влијателни функционери на Блискиот Исток со надеж дека слабото примирје меѓу Израел и Хамас ќе го претвори во нешто повеќе.

Американски официјален претставник потврди за Гласот на Америка дека директорот на ЦИА Вилијам Барнс отпатувал во Катар денес на разговори на високо ниво, „вклучувајќи и дискусии за заложниците“.

Службеникот зборуваше под услов да остане анонимен за да разговара за чувствителните теми.

ЦИА, која ретко зборува за патување на директорот во странство, одби да го коментира патувањето, првпат објавено од „Вашингтон пост“.

Израелските медиуми, како и други медиуми, цитираа дипломатски извори кои велат дека додека бил во Доха, Барнс се сретнал со шефот на израелската разузнавачка агенција, како и со катарските и египетските претставници.

Високите американски претставници го поддржаа Израел и со зборови и со оружје по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври во кој загинаа околу 1.200 луѓе во Израел, од кои повеќето беа цивили.

Но, Белата куќа, исто така, се заложи за ослободување на сите околу 240 луѓе земени како заложници од Хамас за време на нападот, пофалувајќи го сега веќе петдневното примирје со кое повеќе од 70 заложници се вратија кај нивните семејства во замена за ослободување на 150 Палестинци затворени во израелските затвори.

„Целта на администрацијата во моментот, очигледно, е да се обиде да го продолжи примирјето или прекинот на огнот што е можно подолго и да ослободи колку што е можно повеќе заложници“, рече Пол Пилар, поранешен висок офицер на ЦИА, кој сега предава на Универзитетот Џорџтаун.

И Пилар изјави за Гласот на Америка дека Барнс, е добро позициониран да помогне во тоа да се случи.

„Тој е високо остварен и многу почитуван, и дома и во странство, дипломат“, рече Пилар.

Патувањето на Барнс во Доха е негово второ патување на Блискиот Исток во изминатиот месец.

XS
SM
MD
LG