Линкови за пристапност

Хамас ги повика САД да извршат притисок врз Израел за примирје во Газа


Палестинци ја проверуваат штетата во шаторската област во дворот на болница погодена од израелско бомбардирање во централниот дел на Газа, 5 септември 2024 година
Палестинци ја проверуваат штетата во шаторската област во дворот на болница погодена од израелско бомбардирање во централниот дел на Газа, 5 септември 2024 година

Хамас вчера ги повика САД да „извршат вистински притисок“ врз Израел да постигне договор за прекин на огнот во Газа, како што премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека нема договор.

Двете страни ја разменија вината за застојот на разговорите за прекин на огнот и размена на заложници, додека Нетанјаху се соочува со притисок да склучи договор по смртта на шестмина заробеници од Газа.

Главниот преговарач на Хамас, со седиште во Катар, Калил ал-Хаја ги повика САД да „остварат вистински притисок врз Нетанјаху и неговата влада“ и „да ја напуштат својата слепа пристрасност“ кон Израел.

Но, Нетанјаху рече дека „нема договор во тек“.

„За жал, не е блиску, но ќе направиме се` што можеме за да ги доведеме до точка каде што ќе склучат договор“, изјави тој за американските медиуми.

Нетанјаху инсистира на тоа дека Израел мора да ја задржи контролата врз коридорот долж границата меѓу Египет и Газа за да се спречи шверцот на оружје за Хамас, чиј напад на Израел на 7 октомври ја започна војната.

Хамас бара целосно повлекување на Израел од областа и во четвртокот рече дека позицијата на Нетанјаху „има за цел да го спречи постигнувањето договор“.

Палестинската милитантна група вели дека новиот договор е непотребен бидејќи тие се согласиле пред неколку месеци на примирје што го наведе Бајден.

„Предупредуваме да не` паднеме во стапицата на Нетанјаху... кој ги користи преговорите за да ја продолжи агресијата врз нашиот народ“, се вели во соопштението на Хамас.

Вашингтон го турка предлогот за кој вели дека би можел да ги премости празнините меѓу завојуваните страни, при што државниот секретар Ентони Блинкен рече дека „90 отсто е договорено“.

„Навистина е обврска на двете страни да постигнат „да“ за овие преостанати прашања“, рече Блинкен за време на посетата на Хаити.

На израелските протести во неколку градови оваа недела, критичарите на Нетанјаху го обвинија за смртта на заложниците, велејќи дека тој одбил да ги направи неопходните отстапки за постигнување договор за прекин на огнот.

Нападот на 7 октомври од страна на Хамас резултираше со смрт на 1.205 луѓе, главно цивили, вклучително и некои заложници убиени во заробеништво, според официјалните израелски податоци.

Од 251 лице земено од палестинските милитанти за време на нападот, 97 остануваат во Газа, вклучувајќи 33 мртви, според израелската војска.

Резултатите беа објавени за време на еднонеделното примирје во ноември.

Во израелската одмаздничка офанзива во Газа досега загинаа најмалку 40.878 луѓе, според Министерството за здравство на територијата што ја контролира Хамас.

Повеќето од загинатите се жени и деца, според Канцеларијата за права на ОН.

Поврзано

XS
SM
MD
LG