Линкови за пристапност

Гугл ја прекина политиката за некористење на вештачката интелигенција за воени цели


Гугл ја прекина политиката за некористење на вештачката интелигенција за воени цели
please wait
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 720p
  • 1080p

No media source currently available

0:00 0:03:08 0:00
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 720p
  • 1080p

Технолошката компанија Гугл неодамна ја прекина својата долгогодишна политика против развојот на вештачкаta интелигенција за воени цели. Мет Дибл известува од Калифорнија. 

Гугл, технолошкиот гигант основан со принципот „Не прави зло“ со години вклучуваше на својата веб-страница посветеност против развојот на технологии кои предизвикуваат штета или можат да се користат за надзор.

Но, минатата недела тaa реторика беше отстранета од страницата на компанијата за принципите за вештачка интелигенција.

Гугл, чија матична компанија е Alphabet, не одговори веднаш на барањето за коментар. Објавата на блогот на раководството на Гугл во која се објаснува новата политика, вели:

„Се одвива глобален натпревар за лидерство со вештачка интелигенција во сè покомплексниот геополитички пејзаж. Веруваме дека демократиите треба да водат во развојот на вештачката интелигенција“.

Некои експерти го гледаат овој потег како доказ дека компанијата сега отворено ги промовира своите технологии за вештачка интелигенција за војување.

Таа се повеќе се користи на боиштата - од Украина до Газа.

И, технолошките компании од Силиконската долина, кои некогаш не сакаа да ги промовираат нивните алатки за деструктивни цели, се повлекуваат од долготрајните политики против воена употреба.

Open AI, Meta и Anthropic имаат проекти за вештачка интелигенција со американските воени или одбранбени изведувачи.

Вештачката интелигенција првенствено се користи за одредување цели за напади со беспилотни летала, во некои случаи во целосно автономно оружје.

Водечкиот истражувач на вештачката интелигенција Стјуарт Расел, противник за автономно оружје, присуствуваше на Самитот за вештачка интелигенција во Париз.

„Сè повеќе, напредокот на војната во Украина е диктиран од употребата на дронови или целосно автономни беспилотни летала“, вели Расел.

Врската на Гугл со армијата, не е нова. Во 2017 година, и покрај наведените принципи на компанијата, таа помогна да се изгради систем за таргетирање наречен Проект Мејвен за Одделот за одбрана на САД.

Една година подоцна, откако илјадници вработени протестираа, Гугл го раскина договорот.

Во поново време, критичарите велат дека Проектот Нимбус, договор од 1,2 милијарди долари меѓу Гугл, Амазон и израелската влада за компјутерски услуги за обработка во облак, бил користен за надзор и таргетирање во војната во Газа.

За Расел и другите набљудувачи, промената на политиката на Гугл е загрижувачка.

„Мора да претпоставите дека не е случајно што оваа промена во политиката доаѓа со новата администрација која ги поништи сите прописи за вештачката интелигенција што беа воведени од Администрацијата на Бајден и сега става огромен акцент на употребата на вештачката интелигенција за воена моќ“, вели Расел.

Како што вештачката интелигенција брзо напредува, владите и бизнисите се повеќе загрижени за заостанување во развојот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG