Линкови за пристапност

Групата „Вагнер“ може да го влоши конфликтот во Судан, рече Џон Кирби


Во реткото признание за вмешаноста на групата во Судан, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека одлуката за вклучување на групата „Вагнер“ зависи од африканското раководство
Во реткото признание за вмешаноста на групата во Судан, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека одлуката за вклучување на групата „Вагнер“ зависи од африканското раководство

Евгениј Пригожин, шефот на паравоената група поддржана од руската влада „Вагнер“ понудил оружје на една од завојуваните страни во Судан, според извештаите на неколку медиуми.

Од почетокот на борбите во април, имаше непотврдени извештаи и дипломатски извори кои зборуваа за медиумите дека борците на „Вагнер“ ја поддржуваат паравоената група позната како Сили за брза поддршка и ги снабдуваат со оружје.

Камерон Хадсон, поранешен функционер на американскиот Стејт департмент и висок соработник во Центарот за стратешки и меѓународни студии, изјави за Гласот на Америка дека „Вагнер“обезбедува преносливи системи за противвоздушна одбрана, ракети, разбивачи на тенкови и тежок оклоп.

Сили за брза поддршка негира дека добила поддршка од Русија.

Меѓутоа, како што се појавуваат вести дека групата „Вагнер“ би можела да заземе страна, експертите предупредуваат дека таквото надворешно вклучување може само да го влоши конфликтот, наведувајќи го негативното досие на групата и трагата на злосторства во Африка.

Во реткото признание за вмешаноста на групата во Судан, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека одлуката за вклучување на групата „Вагнер“ зависи од африканското раководство.

Претставници на високо ниво на САД продолжуваат да изразуваат загриженост поради вмешаноста на „Вагнер“ во Судан, каде што е вклучена во екстракција на минерали.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби, рече дека вмешаноста на групата има потенцијал дополнително да го разгори конфликтот.

„Очигледно, ние не сакаме да видиме дека овој конфликт се шири или проширува, и секако не би сакале да видиме дополнителна огнена моќ. Тоа само ќе продолжи со насилството и ќе продолжи да ги ескалира тензиите“, рече тој.

XS
SM
MD
LG