Линкови за пристапност

Завојуваните фракции во Судан се согласиле на 72-часовен прекин на огнот, најавија САД


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека договорот за примирје следел по дводневни интензивни преговори и ќе започне утре
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека договорот за примирје следел по дводневни интензивни преговори и ќе започне утре

САД соопштија дека завојуваните фракции во Судан се согласиле на 72-часовен прекин на огнот, додека западните, арапските и азиските нации се обидуваат да ги извлечат своите граѓани од земјата.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека договорот за примирје следел по дводневни интензивни преговори и ќе започне утре.

Двете страни не се придржуваа до неколку претходни договори за привремено примирје.

На 15. април избувнаа борби меѓу вооружените сили на Судан и паравоената група Сили за брза поддршка, при кои загинаа најмалку 427 луѓе, додека станбените области се претворија во воени зони.

„Во овој период, САД ги повикуваат вооружените сили на Судан и паравоената група Сили за брза поддршка веднаш и целосно да го одржат примирјето“, се вели во соопштението на Блинкен.

Тој рече дека САД ќе се координираат со регионалните, меѓународните и суданските цивилни интереси за да се создаде комитет кој ќе ја надгледува работата на постојан прекин на огнот и хуманитарните аранжмани.

Паравоената група Сили за брза поддршка потврди во Картум дека се согласила на прекин на огнот, почнувајќи од полноќ, за да ги олесни хуманитарните напори.

„Ја потврдуваме нашата посветеност за целосен прекин на огнот за време на периодот на примирје“, соопшти Сили за брза поддршка.

Вооружените сили на Судан веднаш не ја коментираше најавата.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, рече дека насилството во земјата „ризикува катастрофален пожар ... што може да го зафати целиот регион и пошироко“.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG