Линкови за пристапност

САД бараат начин да им помогнат на Американците кои сакаат да излезат од Судан, рече Блинкен


Во последните 36 часа од завршувањето на евакуацијата на амбасадата, продолживме да бидеме во блиска комуникација со граѓаните на САД и поединци поврзани со американската влада за да им обезбедиме помош, изјави државниот секретар на САД
Во последните 36 часа од завршувањето на евакуацијата на амбасадата, продолживме да бидеме во блиска комуникација со граѓаните на САД и поединци поврзани со американската влада за да им обезбедиме помош, изјави државниот секретар на САД

САД продолжуваат да ги разгледуваат опциите за да им помогнат на десетици Американци кои сакаат да го напуштат Судан во услови на тековно насилство, и истражуваат начини да го вратат дипломатското и конзуларното присуство во африканската земја што е можно поскоро, рече државниот секретар Ентони Блинкен.

„Во последните 36 часа од завршувањето на операцијата за евакуација на амбасадата, продолживме да бидеме во блиска комуникација со граѓаните на САД и поединци поврзани со американската влада за да обезбедиме помош и да ги олесниме достапните рути за заминување на оние кои сакаат да се преселат на безбедно преку копно, воздух и море“, изјави Блинкен.

Тој зборуваше за време на прес-конференција во Стејт департментот.

„Ова ги вклучува Американците кои патуваат по копно и конвојот на ОН од Картум до Порт Судан“.

Блинкен призна дека некои конвои наишле на проблеми, вклучително и на грабежи.

Вашингтон не планира да координира голема евакуација на приватни американски граѓани во Судан поради нестабилната безбедносна ситуација и затворањето на главниот аеродром во Картум.

Се верува дека има околу 16.000 Американци во Судан, од кои огромно мнозинство се со двојно државјанство.

Државниот секретар рече дека десетици Американци изразиле интерес да го напуштат Судан поради смртоносните борби меѓу ривалските фракции - Суданските вооружени сили и паравоената група Сили за брза поддршка.

Во Белата куќа, советникот за национална безбедност Џејк Саливан рече: „По наредба на претседателот, ние активно го олеснуваме заминувањето на американските граѓани кои сакаат да го напуштат Судан“.

XS
SM
MD
LG