Линкови за пристапност

Граѓаните излегоа да бираат нов претседател, очекуваат подобра иднина


Граѓаните излегоа да бираат нов претседател, очекуваат подобра иднина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Мирна атмосфера, без поголеми чекања и брзо спроведување на постапката. Таква слика видовме низ гласачките места во скопската општина Аеродром, која е една од најбројните. Во слична атмосфера се одвива гласањето и низ другите гласачки места на денешниот прв круг од седмите претседателските избори

Мирна атмосфера, без поголеми чекања и брзо спроведување на постапката. Таква слика видовме низ гласачките места во скопската општина Аеродром, која е една од најбројните во државата. Во слична атмосфера се одвива гласањето и низ другите гласачки места на денешниот прв круг од седмите претседателските избори.

Засега проблемите со кои се соочуваат изборните комисии се мали и се од техничка природа. Претежно се поврзани со функционирањето на опремата за читање отпечатоци од прсти. Во случај кога читачот не може да ги препознае отпечатоците, се применуваат и рачни проверки и евиденции за гласањето.

Македонските граѓани, со кои разговаравме, посакуваат новиот претседател или претседателка да придонесат за подобра иднина на македонското општество.

Некои сметаат дека функцијата претседател треба да добие и поголеми ингеренции.

Од избирачките комисии ги повикуваат граѓаните да излезат на гласачките места во што поголем број.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG