Линкови за пристапност

Гордана Силјановска Давкова: Нема да ја користам придавката „северна“


Гордана Силјановска Давкова: Нема да ја користам придавката „северна“
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:51 0:00

Почитувајќи ја јасно изразената волја на македонските граѓани од септември 1991 година, како и од септември 2018 година, но и како граѓанин, во обраќањата до јавноста нема да ја користам придавката ‘северна’“, категорична е Силјановска Давкова во нејзината изборна програма

Гордана Силјановска Давкова, универзитетска професорка, докторка по правни науки. Нејзиниот слоган во изборната кампања е: „Македонија повторно горда“.

Во изборната програма таа нагласува дека функцијата претседател ќе ја води според уставот и законите, како и дека нема да потпадне под влијание на Владата.

„Ќе соработувам со Владата, но нема да бидам послушна, туку самостојна и критичка глава на извршната власт. Ќе го почитувам Собранието, но ако треба ќе посегнам и по вето против неуставните закони. Како врховна командантка на вооружените сили ќе ги штитам територијалниот интегритет и независноста на Републиката. Ќе се водам од стручноста и од компетентноста при номинирањето на носителите на државни функции за кои сум овластена“, посочува Давкова во програмата.

Тоа што привлекува внимание е нејзиниот негативен став кон Преспанскиот договор, за кој вели дека има простор да се ревидира.

„Преспанскиот договор, заедно со уставните измени, беше донесен со кршење на националното право и е спорен во рамките на меѓународното право, посебно во врска со правото на самоопределување, принципот на еднаквост на државите, мешањето во внатрешните работи на суверена држава, а задирањето во идентитетот е и сериозна повреда на колективните и на индивидуалните човекови права на граѓаните на Македонија. Прашањето, сè уште, го сметам за правно и политички отворено“.

Последователно, таа отворено вели дека е против името на државата Северна Македонија.

„Почитувајќи ја јасно изразената волја на македонските граѓани од септември 1991 година, како и од септември 2018 година, но и како граѓанин, во обраќањата до јавноста нема да ја користам придавката ‘северна’“, категорична е Силјановска Давкова во нејзината изборна програма.

Во однос на можните уставни измени како дел од процесот за почнување преговори со ЕУ, Силјановска-Давкова нагласува: „Во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка нема ниту еден дел за промена на Уставот на Република Македонија“.

Силјановска-Давкова вели и дека ќе се посвети на професионализација на дипломатската служба.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG