Гренланд е зафатен среде арктичката зима. Сепак, вниманието на светот е кон овој далечен остров. Синот на американскиот претседател Доналд Трамп Јуниор, неодамна отиде во главниот град Нук - офанзива што траеше само неколку часа.
Говорејќи од Овалната канцеларија неколку часа по неговата инаугурација, претседателот Трамп го повтори своето тврдење дека САД треба да ја преземат контролата врз Гренланд од Данска.
„Мојот син и претставници отидоа таму пред две недели. Ние им се допаѓаме. Значи, ќе видиме што ќе се случи. Но, Гренланд е неопходен. Не за нас. Тоа е неопходно за меѓународната безбедност“, рече Трамп од Овалната соба во Белата куќа.
Гренланд е дел од Данска. Но, населението на островот од 57.000 ужива висок степен на автономија. Владата на Гренланд има едноставна порака за светот.
„Ние не сме на продажба“, истакнува Нааја Натанилсен, министерка во владата на Гренланд.
Трамп одби да отфрли економска или воена опција за да ја преземе контролата врз Гренланд. Неговите коментари ги вознемирија европските сојузници. Но, Гренланд гледа простор за разбирање со Вашингтон.
„Ако читате меѓу редови јас слушам две пораки од САД: Едната е дека треба да се погледне аспектот на националната безбедност и ние сосема се согласуваме со пораката на САД во тој поглед. Ние се обидуваме да се залагаме и за тоа веќе неколку години. А другата перспектива е, а другата порака што ја слушам е, сакаме да се вклучиме повеќе во гренландскиот минерален сектор. И тоа навистина е лесен успех“, додава Натанилсен.
Гренланд треба да одржи избори најдоцна до април.
Владата сака истовремен референдум за целосна независност од Данска. По вековна данска контрола, политичките ветришта на промени во Гренланд стануваат се посилни, вели локалната новинарка Арнак Нилсен.
„Сега станува збор за многу повеќе од комплицираните односи меѓу Данска и Гренланд. Одеднаш е тука Трамп Јуниор и сето тоа експлодира. Мал број луѓе овде се навистина среќни што Трамп Јуниор дојде на Гренланд. Мал број луѓе, пак, навистина не се среќни што доаѓа овде“, вели Нилсен.
Чувства засилени од социјалните мрежи. И Јутјуб инфлуенсери дојдоа на Гренланд, делејќи американски долари и бејзбол капи. Не сите го поздравуваат ова. Гренланѓаните изгледаат поделени околу интервенцијата на Трамп.
„Мислам дека сме во ужасна ситуација. Нашите политичари се справуваат со ова тотално погрешно. Тие се заведени од нешто многу поголемо отколку што можат да поднесат“, вели Пер Кемниц, жител на Нук.
„Во моментов, Гренланд го има вниманието на целиот свет. Тоа е навистина добро и време е Гренланд да добие поголемо внимание“, додава Ака Гронволд, жител на Нук.
Се чини дека тоа внимание ќе продолжи.
Вниманието на светот сега е вперено кон Гренланд. Но, како што се интензивира дебатата за иднината на островот, неговите жители велат дека само тие треба да одлучуваат за нивната иднина.
Facebook Forum