Речиси три месеци откако ја прекина кампањата за претседател, поранешната амбасадорка на ОН Ники Хејли објави дека во ноември ќе гласа за поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Бајден беше катастрофа. Затоа ќе гласам за Трамп“, рече Хејли.
Но, нејзините поддржувачи не мора да ги следат нејзините чекори. Анкетата на колеџот Емерсон од март годинава покажа дека веројатноста гласачите на Хејли да гласаат за претседателот Џо Бајден наместо Трамп е двојно поголема. Други анкети покажуваат дека најмалку половина од гласачите на Хејли нема да гласаат за Трамп.
"Бев разочарана кога слушнав дека Ники не доби доволно гласови да остане во трката. Трамп не ми се допаѓа. Многу сум загрижена за Републиканската партија”, вели Крис, поддржувачка на Хејли.
„Навистина не би имал остварлива опција на изборите за Трамп или Бајден. Не сакам да видам ниту еден од нив во Белата куќа следната година“, вели Џон Сулковски, поддржувач на Хејли.
„Не сум задоволна од ниту една од опциите. Претходно го поддржав Трамп и веројатно повторно ќе го поддржам“, вели Џенифер Мејсер, поддржувачка на Хејли.
Хејли вели дека Трамп треба да ги убедува нејзините гласачи.
„Би било паметно Трамп да им се обрати до милиони луѓе кои гласаа за мене, и ме поддржуваат. Да не претпоставуваме дека тие ќе му ја дадат поддршката“, посочи Хејли.
Поддржувачите на Хејли можат да влијаат на исходот на овие претседателски избори. За време на првичните избори во Пенсилванија, Хејли доби до една четвртина од гласовите на републиканците во побогатите предградија, иако таа се откажа од кандидатура. Анализата на претседателските избори во 2020 година покажува дека добиените гласови во предградијата беше во полза на Бајден.
Хејли доби голема поддршка во голем број на сојузни држави кои би биле одлучуваки како Аризона, Џорџија, Мичиген, Северна Каролина, Невада и Висконсин.
„Видовте многу богати, добро образовани републикански гласачи кои се стремат кон Ники Хејли. И мислам дека некои од нив се независни. Забележав како некои од нив поинаку гласаат на општите избори“, вели Данте Скала од Универзитетот од Њу Хемпшир.
Кампањата на Бајден активно ги преплавува поддржувачите на Хејли со вакви реклами - кои покажуваат дека Трамп ја критикува Хејли - која тој ја назначи за амбасадорка на ОН. Тоа е дел од пошироката стратегија на Бајден за привлекување републикански гласачи.
„Трамп ќе има проблем со осовјување на гласовите кои ги доби Хејли. Не знам дали ги нарекувате републикански гласови, но тој треба да го добие големо мнозинство од гласовите на Хејли“, смета Лари Сабато од Универзитетот на Вирџинија.
Јавно кампањата на Трамп не ги привлекува гласачите кои ја избраа Хејли на прелиминарните избори на Републиканската партија. Иако, во тесна изборна трка, тие поддржувачи може да направат разлика на денот на изборите.
Facebook Forum