Линкови за пристапност

Фулбрајт стипендисти од Русија се плашат да се вратат дома - може да завршат во затвор


Фулбрајт стипендисти од Русија се плашат да се вратат дома - може да завршат во затвор
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Поради поддршката на Вашингтон за Киев во војната, Москва го означи Институтот за меѓународно образование што доделува Фулбрајт стипендии за непожелна организација. Можна е и затворска казна до 5 години за руските стипендисти доколку се вратат дома. Известува Максим Адамс.

Виолета Соболева е од рускиот Ростов на Дон, но во моментов таа е студентка на Градскиот универзитет на Њујорк, каде што работи на својот докторат за едукативна психологија.

Таа дошла во САД пред три години на Фулбрајт програмата за странски студенти - програма за стипендирање финансирана од САД. Сонувала да се врати во Русија по завршувањето на студиите за да создаде иновативен учебник за предавање англиски како втор јазик. Но, сега тој план не изгледа реален или безбеден.

„Каква што е Русија денес, не сакам да ризикувам затворска казна само затоа што ја сакам мојата земја. Повеќе би сакала да останам овде“, вели Соболева.

Руските студенти имаат корист од програмата Фулбрајт со децении, дури и за време на Студената војна. Но, поради руската целосна инвазија на Украина и поддршката на Вашингтон за Киев во војната, Москва го означи Институтот за меѓународно образование што доделува Фулбрајт стипендии за „непожелна“ организација.

Руските граѓани би можеле да се соочат со затворска казна до 5 години за соработка со такви организации. Сега Евгениј Михеев од Саратов е загрижен да се врати дома по студиите.

„Да бидете поврзани со Фулбрајт и да се вратите во Русија можеби не е безбедно. И не сакам да ризикувам да видам дали ќе ме уапсат или не“, вели Михеев.

Како одговор на барањето на Гласот на Америка, портпаролот на американскиот Стејт департмент, кој ја спонзорира програмата Фулбрајт, во изјава рече дека ниту еден руски студент на Фулбрајт не е обврзан да се врати во Русија ако не го сака тоа.

Стејт департментот вели дека постојат неколку начини за околу 150 руски стипендисти да избегнат да се вратат дома ако се загрижени дека ќе се соочат со потенцијална затворска казна во Русија.
- Може да патуваат во трета земја
-Да соработуваат со универзитет за да организираат континуирано студирање и истражување на виза за работна студија
-Да аплицираат за постдипломска обука или работна академска програма
-Да соработуваат со американскиот Стејт департмент за да стигнат до безбедна дестинација со авион или да патуваат како приватни граѓанини.

Некои стипендисти на Фулбајт велат дека овие опции не се реални оти е предоцна е да се аплицира за академски програми и многумина немаат ресурси и врски за да се преселат во трета земја.

Некои велат дека САД не направиле доволно за да им помогнат на руските стипендисти на оваа програма. Тие велат дека САД треба да го следат примерот како со стипендијата Чивнинг - британската верзија на програмата Фулбрајт - која едноставно го укина барањето Русите да се вратат дома по две години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG