Линкови за пристапност

Финансиски предизвици за хуманитарните организации фокусирани на Украинците


Финансиски предизвици за хуманитарните организации фокусирани на Украинците
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:58 0:00

Дебатата за финансирање на Украина има широки импликации, дури и далеку од првите борбени линии на фронтот. Последниот пакет хуманитарна и воена помош заврши на 30 септември, со затворањето на фискалната година на владата на САД. Тоа влијае и врз хуманитарните организации. Известува Кејн Фарабау

Војната во селото на Оксана Балан во регионот Чернихив во Украина дојде со пристигнувањето на руските тенкови додека започнаа непријателствата во 2022 година.
Нејзиното семејство најмногу ги избегнувало бомбите и куршумите, но напорите на нејзината 14-годишна ќерка Софија да ја документира инвазијата на социјалните мрежи го привлекоа вниманието на руските власти.

Поради страв за нивната безбедност, Балан донела тешка одлука да избега од Украина со Софија, а нејзиниот сопруг останал.

„Сфативме дека треба да донесеме таква одлука поради образованието на нашата ќерка“, раскажува Оксана.

Со само неколку куфери, тие пристигнаа во Чикаго на крајот во ноември 2022 година. Најдоа привремено сместување и помош, делумно благодарение на напорите на непрофитната организација „RefugeeOne“.

„Ќе им служиме на околу 5 000 Украинци од почетокот на оваа војна“, вели Захари Дмитерко, кој е менаџер за комуникации во RefugeeOne, организација која обезбедува услуги за бегалците од целиот свет кои бараат нов живот во и околу Чикаго.

Целокупниот финансиски пакет за хуманитарни програми и воена помош поврзани со Украина заврши на 30 септември, на затворањето на фискалната година на владата на САД. Запреното финансирање со влијанија врз работата на организацијата „RefugeeOne“.

„Веќе не можеме ниту да примаме или да им помагаме на Украинците кои пристигнуваат во САД по 30 септември 2023 година. Можеме да работиме со сите што пристигнале пред тој период“, објаснува Дмитренко.

Новото финансирање поврзано со целокупната помош за Украина е главна дебата во американскиот Конгрес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG