Линкови за пристапност

Европските влади стравуваат од диверзантски руски напади


Европските влади стравуваат од диверзантски руски напади
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:22 0:00

Европските влади и САД ја обвинуваат Русија за извршување диверзантски напади врз воената и цивилната инфраструктура низ целиот континент. Како што известува Хенри Вилкинс од Лондон, инцидентите ги потресоа Украинците кои се чувствуваат мета на места каде што се засолниле. .

Индустрискиот парк на периферијата на Лондон можеби изгледа како неверојатна сцена за руски напад врз Украина, но, во март, вели британската полиција, тоа се случило.Тие обвинија двајца Британци за соработка со руското разузнавање откако наводно бил запален магацин, кој бил целосно уништен во пожарот. Објектот бил во сопственост на компанија која транспортирала помош во Украина.

Немаше никакво признание во случајот.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен предупреди на зголемување на диверзантските напади од Русија низ Европа.

„Кремљ, исто така, ги интензивира своите хибридни напади против државите од фронтот - членки на НАТО - палејќи и саботирајќи складишта за снабдување, непочитувајќи ги морските граници и демаркациите на Балтикот, зголемувајќи се повеќе и повеќе сајбер-напади, продолжувајќи да се шират дезинформации”, изјави Блинкен.

Јулијана Јершова побегна од својот дом во Украина и дојде во Британија во 2023 година. По посетата на местото на изгорениот магацин, таа рече дека била шокирана кога видела вакво нешто на британско тло.

„Кога ќе видиме како магационот е изгорен до темел, тоа е навистина болно и сакам да го спречам, да контролираме многу подобри руски разузнавачи во Европа, затоа што има толку длабоки корени овде и многу долги раце”, вели Јершова.

Слични инциденти се забележани во Шпанија и Германија, кои оваа снимка на социјалните мрежи наводно ги прикажува - како и во Франција, додека претседателот на Латвија и официјални лица од Холандија и Литванија предупредија дека се можни повеќе напади.

Марк Хана од Институтот за глобални прашања вели дека инцидентите како овие се во согласност со тајните напори на Русија да ја ослабне поддршката за Украина.

„Тие мислат дека овие акти на подметнување пожар и овие акти на саботажа некако ќе ја ослабнат волјата на јавноста во овие земји, поради тоа мислам дека тоа е една од примарните мотиви за Русија да ги спроведе овие дела”, вели Хана.

Германското обвинителство ја обвини Русија дека се обидува да ја ослабне воената поддршка за Украина.

Додека европските влади бараат одговори, извештаите за нападите предизвикуваат болка кај украинските бегалци кои мислеа дека дошле на безбедно место.

Во еден украински социјален клуб во Лондон, украинската бегалка Људмила Казмирук вели дека нападите се случуваат на најнеочекуваните места. Таа вели дека украинските деца во Британија се среќаваат со пропаганда на Кремљ на интернет. Таа се чувствува трауматизирана.

„Почнав да го мразам рускиот јазик. Кога ќе го слушнам рускиот јазик, едноставно се плашам од таа личност”, вели Казмирук.

Русија ги нарекува обвинувањата за саботажа „уште едно неосновано обвинување“ од страна на Западот.

За Украинците кои мислеа дека бегаат на безбедно во Британија и на други места во Европа, траумата предизвикана од често необјаснетите инциденти е многу реална.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG