Линкови за пристапност

ЕУ внимателна со користењето на руските замрзнати пари во банките


ЕУ внимателна со користењето на руските замрзнати пари во банките
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Европската Унија (ЕУ) начелно се согласи на договор со кој приходите од замрзнатите руски средства ќе се користат за снабдување на оружје за Украина. Како што известува Хенри Риџвел, сојузниците во Вашингтон сакаат ЕУ да оди многу подалеку. 

Централната банка на Русија чуваше милијарди долари во готовина и средства во западни финансиски институции и компании.

Тие средства беа замрзнати од Западот по инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година. Околу 70% во вредност од повеќе од 200 милијарди долари, се чуваат во Брисел во депото Евроклиар.

САД, заедно со Велика Британија и Канада, се залагаат тие средства да бидат целосно запленети и да се искористат за да му помогнат на Киев во борбата против руската инвазија.

Но, Европа е повнимателна. Амбасадорите на ЕУ на состанокот во Брисел начелно се договорија да ја користат само каматата заработена од руските средства.

„Она за што зборува ЕУ не е запленување на главнината, туку користење на каматата, која може да изнесува 7 или 8 милијарди долари годишно и користење на тоа во корист на Украина. Тоа е корисна сума пари, но тоа е мала сума во споредба со износот на штетата што Русија ѝ ја направи на Украина“, вели Јан Бонд од Центарот за европска реформа.

Договорот треба да биде целосно потпишан на состанокот на министрите за финансии на ЕУ следната недела. Официјални претставници на ЕУ рекоа дека „Русија директно ќе плати за своите злосторства“, а првата исплата од милијарди долари треба да биде достапна за купување оружје до летото.

„Средствата што се достапни таму може да се користат не само за набавки во Европа, туку и надвор од Европа. Затоа што она што сега е навистина важно е оружјето да може да се испорача што е можно побрзо“, истакна германскиот канцелар, Олаф Шолц.

Некои во Европа стравуваат дека планот на САД за целосно запленување на руските средства ќе предизвика долга правна битка и оти може да поттикне други земји, како Кина, да ги продадат своите инвестиции во евра, дестабилизирајќи ја валутата.

Други очекуваат Русија да возврати со запленување на повеќе средства што им припаѓаат на западните компании кои сè уште работат во земјата.

„Моето мислење за тоа е дека овие компании имаат две години да излезат од рускиот пазар. Ако останале внатре, тоа било затоа што мислеле дека е во ред да продолжат да заработуваат пари во Русија, и покрај фактот што таа води брутална агресивна војна против еден од своите соседи. И ако сега ги загубат парите, тоа е нивна среќа“, додава Бонд.

Официјалните претставници на ЕУ се надеваат дека договорот ќе биде целосно спроведен до јуни. Тоа е моментот кога Унгарија треба да го преземе ротирачкото претседавање со ЕУ. Постои загриженост дека би можела да го блокира договорот, ако не биде целосно потпишан, бидејќи Будимпешта се обидува да одржува блиски врски со Русија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG