Линкови за пристапност

ЕУ ја обвинува Русија дека намерно предизвикува имигрантски бранови кон Унијата


ЕУ ја обвинува Русија дека намерно предизвикува имигрантски бранови кон Унијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:26 0:00

Владите на Европската унија ја обвинија Русија дека им помага на илегалните мигранти да преминат во ЕУ, поттикнувајќи политички тензии и криминал во земји како Финска, Полска и Латвија. Известува Хенри Вилкинс. .

Главниот град на Латвија, Рига, ги побива поделбите што растат во оваа земја, како што се во Литванија и Полска. Експерти велат дека тоа делумно се должи на користење на мигранти како „оружје“ од страна на Русија и нејзиниот сојузник Белорусија.

„Буквално, Русија и Белорусија им плаќаа на илјадници Ирачани, Сиријци, ги качија во авион, и тие слетаа во Минск, а потоа ги однесоа со автобус до границата со Полска, Литванија и Латвија и ги пуштија преку границата“, вели Веико Сполитис, поранешен литвански министер за одбрана.

Мигрантите почнаа да се пробиваат преку границите во 2021 година. Сполитис вели дека Русија и Белорусија имале јасна цел.

„Да се создадат дискусии во политиката во Латвија со цел да се доведат на власт секакви популистички партии“, посочува Сполитис.

Аинарс Слесерс ја предводи „Латвија Прво“, една таква партија за која говори Сполитис. Тој ја формираше во 2021 година за да протестира против употребата на вакцините за ковид-19.

Слесерс - исто така е познат бизнисмен и политичар во Латвија кој работи на проект за изградба на нови станови и хотели на брегот на Рига. Тој зазеде цврсти ставови за економијата и имиграцијата.

„Не треба да носиме луѓе од земјите од Третиот свет, што ќе донесат криминал, што ќе донесат проблеми во нашата земја. И гледаме што се случува во Европа на многу места. Не сакам да ги именувам земјите , но сите овие банди имигранти кои дојдоа тие навистина ја зголемуваат стапката на криминал“, смета Слесерс.

Но, врската помеѓу миграцијата и криминалот не е толку едноставна, вели Мартин Ланге кој го проучувал ова прашање.

„Секогаш не е јасно дека новите имигранти го зголемуваат криминалот. Ако не им се дозволи да работат, ако имаат лоши услови за живот тоа може да го зголеми криминалот“, вели Ланге.

Некои аналитичари велат дека вооружената миграција е дел од руската „хибридна војна“ против Западот - дизајнирана да им се спротивстави на центристите од ЕУ и да ги засили екстремно десничарските партии во остварувањето на целите на Москва.

Но, некои експерти велат дека влијанието на стравовите на гласачите врз подемот на популистичките и екстремно десничарските партии во Европа може да биде претерано. И други фактори, како влијанието врз надворешната политика, може да имаат важна улога.

„Дали користењето на мигрантите како ‘оружје’ функционира како алатка во надворешната политика? Да! Може ли да ви кажам дека политичарите чувствуваат дека биле negativno погодени? Да! Дали податоците во големата шема сугерираат дека тие се во право? Не сум сигурна“, смета Кели М Гринхил од Центарот за меѓународни студии.

Партијата „Латвија Прва“ во јуни побара место во Европскиот парламент на изборите на кои екстремно десничарските партии остварија значителни придобивки во Италија, Франција и Германија.

Годинава Полска ја повика Белорусија да ја користи тактиката, додека Финска, која дели 1 300 километри граница со Русија, донесе закон во средината на јули за да го спречи тоа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG