Линкови за пристапност

„Есенската потрошувачка кошница“ е успешна мерка, граѓните заштедија до 1.360 денари, пресмета Министерството за економија


Владината мерка за ограничување на маржите до 10 отсто преточена во т.н. есенска потрошувачка кошница даде резултати смета министерот за труд и економија, Бесар Дурмиши

Владината мерка за ограничување на маржите до 10 отсто преточена во т.н. есенска потрошувачка кошница даде резултати смета министерот за труд и економија, Бесар Дурмиши. Пресметките во министерството за економија и труд покажале дека едно семејство заштедиле до 1.360 денари минатиот месец но во зависност од тоа како се хранеле и каде купувале. Министерот Дурмиши најави дека вакви мерки , односно „потрошувачки кошници“ ќе има и во иднина но сега тие ќе траат меѓу 15 и 30 дена а планирани се за новогодишните односно Божиќни празници, за Рамазан и за Велигден.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, кој денес ги презентираше резултатите нагласи дека не очекува нов ценовен шок но најави и ригорозни мерки доколку трговците почнат со поскапување на производите. Сепак за какви мерки станува збор не кажа.

Министерот Дурмиши најави дека вакви мерки , односно „потрошувачки кошници“ ќе има и во иднина но сега тие ќе траат меѓу 15 и 30 дена а планирани се за новогодишните односно Божиќни празници, за Рамазан и за Велигден. Во моментов Дурмиши и претставници на трговците и дистрибутерите имаат состаноци на кои треба да се прецизираат деталите и продуктите кои ќе бидат опфатени па на тој начин да се избегнат ситуации како на почетокот на есенската кошница кога недостасуваа производи на рафтовите.

„Може да ја наречете и Божиќна и новогодишна. Проблемот е во тој временски период, тие одредени производи кои им требаат повеќе на граѓаните, кои трговците им ги покачуваат цените, ние сакаме во тој период да донесеме одлука со која цените ќе останат стабилни“, објасни Дурмиши.

Дополнително намалување на цените треба да има веќе овој месец откако трговците ќе ги истрошат залихите во магацините за кои тврдат дека ги имаат и новата стока ќе ја набават согласно новите пракси предвидени со Законот за забрана за нефер трговски практики. Трговците имале забелешки и околу овој закон.

„Се жалеа на повратот на производите бидејќи во Законот се предвидува дека нема поврат на производите кои нема да се продадат. Овие проблеми ги пренесоа до мене и ќе гледаме во наредниот период да им излеземе во пресрет. Тие се трговци и плаќаат даноци на државата но ќе внимаваме и на животниот стандард на граѓаните но и да не направиме штета на трговците“, рече Дурмиши.

Со став се јавија и од најголемата опозициска партија СДСМ чии пресметки се дека граѓаните заштедиле 57 денари за еден месец и најавија дека ќе поднесат закон за намалување на цените.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG