Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предводи кампањата на неговата Партија на правдата и развојот за избор на Мурат Курум за градоначалник на Истанбул на неделните избори.
Курум ветува дека ќе изгради половина милион нови куќи за да го заштити Истанбул од заканата од земјотреси.
Актуелниот градоначалник Екрем Имамоглу од главната опозициска Републиканска народна партија, предупредува дека враќањето на владеењето на Партијата на правдата и развојот ќе резултира со неконтролирана градба.
„Овие избори се важни за решавање на нерешените урбани проблеми, проблеми кои беа зголемени”, вели Имамоглу.
Шокантната изборна победа на Имамоглу во 2019 година стави крај на 30-годишната доминација на Ердоган врз градот. Тоа беше можно благодарение на широкиот изборен сојуз на прокурдската партија и турските националисти. Но, тој сојуз пропадна откако не успеа да го победи Ердоган на минатогодишните претседателски избори.
„Се раздели опозициската коалиција. Сега сите сега имаат свој кандидат. Тоа е доказ за одличниот капацитет на Имамоглу за водење кампања и за дебитантските грешки на Мурат Курум дека или е мртва трка или Екрем Имамоглу е понапред за неколку поени”, вели Атила Јешилада од „ГлобалСурс Партнери“.
Кампањата на Имамоглу објавува видеа на курдски јазик во кои се повикува на гласање на Курдите во обид да го обнови неговиот изборен сојуз.
Со оглед на тоа што опозицијата сè уште се оптеретува од минатогодишниот изборен пораз, задржувањето на Истанбул, велат аналитичарите, ги зголемува шансите повторно да го предизвика Ердоган.
„Локалните избори во март 2024 година даваат надеж дека опозицијата може уште еднаш да се мобилизира и барем да заштити дел од просторите за дишење во метрополите. Во овој момент е важно опозицијата да се заштити себеси, да ја заштити надежта дека може да има, некогаш во иднина, вистинска промена во општеството и во политиката”, смета Сезин Онеј од „ПолитикЈол“.
Facebook Forum