Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го поздрави враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, кој Ердоган го гледа како човек со кој може да соработува.
„Двајцата лидери на овие дипломатски односи им пристапуваат од трансакциска гледна точка. Г-дин Ердоган мисли дека, како и тој, г-дин Трамп исто така е прагматична фигура и дека овојпат може да го следи своето ветување дека целосно ќе се повлече од Сирија“, вели Ајдин Селчен, аналитичар за надворешна политика.
Трамп, во својот прв мандат, повика на повлекување на американските сили распоредени во Сирија за поддршка на ЈПГ, курдска милиција која се бори против милитантите на Исламската држава.
Анкара гледа на ЈПГ како на терористичка група. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека со соборувањето на режимот на Асад во Сирија и неизвесноста околу новото сириско раководство на Хајат Тахрир ал-Шам го прави малку веројатно дека ќе има повлекување на САД во скоро време.
„Да не се оживее ИСИС повторно или, или новото раководство кое претставува закана за САД, за кое администрацијата на Трамп би била заинтересирана да ги заштитат ЈПГ и Курдите и нивниот сојуз со Курдите. Потпретседателот Џеј-Ди Венс, веќе укажа на закани од ИСИС“, вели Сезин Онеј од организацијата „Политички пат“.
Заедничката загриженост на Анкара со Вашингтон за регионалното влијание на Иран, исто така, им дава можност на Ердоган и Трамп да работат заедно.
„Администрацијата на Трамп доаѓа со желба да ги стабилизира односите со Турција и веројатно ќе гледаме се повеќе и повеќе лични односи кои недостасуваа за време на администрацијата на Бајден. Претседателот Ердоган и претседателот Трамп ќе се сложуваат. Но, тоа не значи дека Турција ќе ги добие сите нејзини политички барања“, вели Асли Ајдинтасбас од Институцијата „Брукингс“.
Ердоган се надева дека администрацијата на Трамп ќе го натера Конгресот на САД да го укине ембаргото за продажба на борбени авиони Ф-35.
Анкара, исто така, може да игра олеснувачка улога во секој обид на Трамп да стави крај на руската војна во Украина со оглед на блиските врски на Ердоган со двете земји.
„Ако Трамп се залага за прекин на огнот во Украина меѓу Русија и Украина, во овој случај, напротив, Турција може да биде од голема помош како потенцијален посредник. Така, Турција може да биде многу корисна за политиката на САД. Сега, се разбира, има стапици. Значи, она што се случува во Сирија може да биде тест за односите САД-Турција, многу брзо“, посочува Озгур Унлухисарчикли од Германскиот Маршалов фонд.
Во својот прв мандат, Трамп се закани дека ќе ја уништи турската економија поради заканите на Ердоган дека ќе ги нападне курдските сили поддржани од САД во Сирија, што предизвика пад на турската валута. Аналитичарите велат дека моменталната слабост на турската економија ќе биде причина Ердоган овој пат да постапи повнимателно.
Facebook Forum