Линкови за пристапност

Еко-активисти во битка да ги спасат од исчезнување коралите кај Флорида


Еко-активисти во битка да ги спасат од исчезнување коралите кај Флорида
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

Коралните гребени на Флорида доживуваат невидено високи температури и овие екосистеми на биолошка разновидност се намалија во текот на изминатите неколку децении. Членовите на организацијата за заштита на океаните се трудат да ги спасат од уништување. Известува Генија Дулот.

Здраво, јас сум Џенифер Полом. Јас сум извршна директорка на Фондацијата за зачувување на океаните, како и директорка во Центар за нуркање. Се наоѓаме во близина Ки Ларго. Oва е гребенот Меласа, кој е еден од најубавите и најпопуларните гребени за нуркање. Имавме претерано високи температури ова лето. Обично имаме високи температури, ова е Флорида, но овде стана навистина топло. Коралите што ги анализираме не реагираат многу добро на промените. Гледаме многу белење низ целиот гребен.

Кога температурите ќе станат превисоки, тие ги исфрлаат алгите што живеат во нивниот клеточен ѕид, и тоа е она што им дава околу 90% храна. Алгите фотосинтезираат и коралите го користат тоа за храна. Кога ќе избелат, ги исфрлаат сите тие алги и затоа се бели бидејќи алгата е таа што и дава боја. За жал, со брзината со која видовме дека доаѓа белењето, гледаме многу смртност.

„Коралите, на некој начин, облик или форма, се постари од диносаурусите. Тие се постари од вашата омилена ајкула или крокодил. Тие се постари од сите растенија. Во 500 милиони години, тие преживеале повеќе природни циклуси на затоплување и повеќе природни циклуси на ладење. И во тоа време, тие еволуираа, се адаптираа, се приспособуваа на околината, се префрлија на север и на југ низ целиот свет, за да формираат еден од најбиодиверзитетните екосистеми на оваа планета што ги нарекуваме корални гребени“, објаснува Роксен Бонасра Фондација за реставрирање корали.

„Избелувањето на коралите е природен одговор од коралите на затоплување или ненадејна промена во неговата околина. Проблемот е кога таа промена е премногу екстремна и се случува предолго. Во конкретниот случај во 2023-ра, видовме дека затоплувањето почна да се случува цел месец пред просечните летни температури да кулминираат. Коралите мораа да се справат со овие екстремни температури кои беа преседан во нашата историја“, додава Бонастра.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG