Линкови за пристапност

Египетска агенција нуди бегство од Газа, за 5000 долари


Египетска агенција нуди бегство од Газа, за 5000 долари
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:15 0:00

Откако почна војната меѓу Израел и Хамас во октомври, Египет го држеше граничниот премин Рафа со Газа затворен. Но, една компанија нуди патување од Газа во Египет за илјадници долари по лице, предизвикувајќи обвинувања дека профитира од бегалците. Хенри Риџвел известува.

Од нејзиниот дом во Каиро, Етемад Абу Тахун со ужас гледа како телевизиите го пренесуваат уништувањето на Газа.

Нејзиниот единствен син, 23-годишниот Момен, е заробен на палестинска територија. Краткиот видеоповик, потврдува дека тој е сè уште жив, пред да прекине сигналот.

Етемад, која има здравствени проблеми, се обидува да собере доволно пари за да плати нејзиниот син да избега.

„Ќе му помогнам да избега од убивањата. Неговото присуство ќе биде моја поддршка додека се справувам со предизвиците што ме очекуваат“, вели Абу.

Бегството од Газа не е лесно. Египет го затвори преминот Рафа за повеќето Палестинци, стравувајќи од егзодус на бегалци.

Но, парите влијаат врз постапките на луѓето. Откако почна војната меѓу Израел и Хамас во октомври, Египет дозволи само една туристичка агенција, наречена Хала, да врши прекугранични патувања од Газа во Египет, како вид „координација“.

Фирмата е со седиште во канцеларијата на нејзината матична компанија во Каиро. Нејзините цени наводно биле зголемени четиринаесет пати во споредба со предвоената цена - пет илјади американски долари за возрасно лице и половина од таа цена за деца.

Тоа е многу повеќе од можностите на повеќето Палестинци, особено оние кои ги загубија во војната своите домови и средства за живот.

Многумина побараа финансиска помош од пријатели и семејствата, или почнаа интернет кампањи за групно финансирање, со очајни молби за помош.

Мохамед Раед, палестински студент по медицина со седиште во Каиро, собира пари за да плати шест раселени членови на семејството за да избегаат од бегалскиот камп во Газа.

„Ако сакам да продолжам со студиите овде и да успеам во мојот живот, сакам да го видам тоа задоволство на лицата и во очите на моето семејство. Ако тие не се тука со мене, сите мои напори, сите работи што ги правам, сето тоа е залудно“, вели Раед.

Хала не одговори на барањата на Гласот на Америка за коментар. Агенцијата сега покрива 40 отсто од сите премини од Газа во Египет, според Арапската организација за човекови права, со седиште во Каиро.

Вели дека обвинувањата за профитерство се обид да се одвлече вниманието од акциите на Израел, и ги пофали напорите на Египет да испрати помош во Газа.

„Ги поздравуваме одличните напори на оваа заедница и држава, кои се борат со сопствените економски тешкотии, да обезбедат значителна поддршка“, вели Ала Шалаби од Арапската организација за човекови права.

И покрај протестите во Каиро кои бараат промена на политиката, египетската влада вели дека не планира да го отвори преминот Рафа со Газа.

Со малку храна или засолниште, а камоли пари, повеќето Палестинци се заробени, без средства за бегство од оваа брутална војна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG