Линкови за пристапност

Еден месец до изборите во САД: Трамп и Харис ги засилуваат ветувањата до гласачите


Еден месец до изборите во САД: Трамп и Харис ги засилуваат ветувањата до гласачите
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:51 0:00

Останува само еден месец до претседателската трка во САД меѓу Доналд Трамп и Камала Харис. Скот Стернс ја анализира изборната трка која станува сè поинтензивна.

Доналд Трамп и Камала Харис го користат последниот месец од нивните кампањи за да се обидат да направат нешто во оние области каде што можеби имаат слаби резултати. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Трамп заостанува зад Харис меѓу женските гласачи.

Во Северна Каролина, Трамп вети дека ќе ги заштити жените, за кои вели дека се посиромашни, помалку здрави и помалку безбедни отколку кога тој бил претседател.

„(Тие) плаќаат многу повисоки цени за намирници и сè друго отколку пред четири години. Повеќе се под стрес и се подепресивни и несреќни отколку пред четири години. Ќе го поправам сето тоа, жени“, вели Трамп.

Пристапот до абортус е една од причините зошто Трамп заостанува зад Харис меѓу жените.

Тој назначи судии во Врховниот суд кои помогнаа да се стави крај на повеќе од 50 години федерална заштита на абортусот. Повеќе од дваесет сојузни држави воведоа ограничувања за абортусот по одлуката на највисокиот суд во 2022 година, вклучително и Џорџија.

Харис им кажа на поддржувачите таму дека ова гласање е за слободите на жените.

„Никој не мора да ја напушти својата вера или длабоко вкоренети верувања за да се согласи дека владата не треба да ѝ кажува што да прави. Ако сака, ќе разговара со својот свештеник, рабин, имам. Но, не треба владата или Доналд Трамп да ѝ кажува што да прави со нејзиното тело“, вели Харис.

Додека Трамп заостанува меѓу жените, тој е во предност со мажите.

Меѓу напорите Харис да придобие повеќе мажи е оваа реклама на проектот Линколн, во која се вели дека Харис е најдобара за средната класа и ги прашува мажите: „Што чекате?“

Економијата и понатаму е главното прашање за мнозинството гласачи. Трамп вели дека ќе земе работни места од други земји.

„Еве го договорот што ќе го понудам на секоја голема компанија и производител на земјата. Ќе ви дадам најниски даноци, најниски трошоци за енергија, најниско регулаторно оптоварување и бесплатен пристап до најдобриот и најголемиот пазар на планетата, но само ако вашиот производ го правите овде во Америка“, порачува Трамп.

Харис ветува помош од 25.000 долари во аванс за оние што првпат купуваат дом.

„Знам како е за луѓето да работат напорно и да штедат и да имаат сон што е за достоинство на нивната работа и инвестиција во нивната иднина, иднината на нивното семејство. Инвестиција во нивната гордост што со право ја заслужуваат со нивната напорна работа“, порачува Харис.

Предвременото гласање е веќе во тек во 23 сојузни држави. Во Минесота, Максин Максим ја избрала Харис.

„Потребна ни е промена. Ни треба разум во Конгресот, во Белата куќа. И ни требаат права на жените“, вели Максим.

Гласачот од Минесота Јуџин Отесон го избрал Трамп.

„Ми се допаѓа некој што може да води бизнис, и ако може да води бизнис, а тој докажа дека може да ја води земјата, знаете, затоа што го направи тоа. Со Камала, сè уште не знаете за што ние таа се залага“, вели Отесон.

Со оглед на тоа што повеќето сојузни држави во голема мера го фаворизираат или Трамп или Харис, победникот најверојатно ќе биде одреден со резултатите од седум држави - Мичиген, Висконсин, Пенсилванија, Џорџија, Северна Каролина, Аризона и Невада.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG