Линкови за пристапност

Две години откако САД ја укинаа федералната легализација на абортусот


Две години откако САД ја укинаа федералната легализација на абортусот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:56 0:00

Пред две години Врховниот суд на САД ја поништи пресудата од 1973 година со која го легализираше абортусот. Сега, абортусот се наѕира како главен проблем на овогодинешните избори. Каролин Пресути анализира како ова прашање се наметнува во претседателската кампања. .

Врховниот суд ја укина пресудата со која абортусот беше легален и го остави прашањето на државите. Оттогаш, 21 сојузна држава донесоа закони за ограничување на абортуси.

„Јас сум ЗА -живот, но мислам дека жените треба да имаат право да одлучат за абортусот и тоа да се направи безбедно за исклучоци заради здравјето на бебето или на мајката. Но, за тоа треба да одлучат пред се државите“, вели Трејси Русо од Калифорнија.

Новата анкета на Галуп покажува дека пресудата ги анимирала гласачите за овој предизвик пред две години и продолжува да го прави тоа.

„Има рекордно високо ниво со 32 отсто од електоратот кои велат дека ќе гласаат само за кандидат кој е на иста линија со нивните ставови по ова прашање. Но тоа навистина не се промени меѓу републиканците и независните - остана апсолутно стабилно на околу 20 до 22%. Само бројката на демократи се зголеми“, вели Лидиа Саад, директорка за социјални истражувања при Галуп САД.

Еден од тие гласачи е Џејден Д' Онофрио.

„Видовме дека правото на избор и рекреативната марихуана се од клучно значење за младите гласачи. Она што е најважно за нив е правото на избор“, вели Џејден Д'Онорфио, жителка во Флорида.

Во мај, Флорида усвои еден од најрестриктивните државни закони, правејќи го абортусот незаконски по шестата недела од бременоста.

Претседателот Џо Бајден ја нарече сегашната компилација на закони за ова прашање - „хаос“.

„Не треба да е важно каде живеете во Америка. Не се работи за правата на државите. Се работи за правата на жените“, истакна Бајден во април годинава.

„Најодговорен за одземањето на оваа слобода во Америка е Доналд Трамп!“, додаде Бајден во јануари годинава.

Претседателот Бајден има свои комплицирани ставови за абортусот поврзани со неговата католичка вера. Минатата недела тој се сретна со Папата во Ватикан. За Црквата, абортусот е неморален, но Католиците се поделени по ова прашање.

„Мојот став сега е дека имаме абортус каде што сите го посакуваа од правна гледна точка“, вели Доналд Трамп, републиканскиот претседателски кандидат.

Поранешниот претседател Доналд Трамп си препиша заслуга за одлуката на Врховниот суд со која абортусот беше забранет на национално ниво.

„Морате да го следите своето срце за ова прашање. Но, запомнете, мора да победите на гласањето, и на изборите да ја вратите нашата култура да ја спасите нашата земја, која моментално, за жал, е нација во пад“, додаде Трамп.

Саад од Галуп вели дека ќе биде интересно да се види дали одлуката на Врховниот суд ќе го промени мислењето на гласачите во ноември или едноставно ќе ги мотивира граѓаните да излезат, и да гласаат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG