Линкови за пристапност

ДУИ е добро да замине во опозиција, рече Мицкоски од Охрид


ДУИ е добро да замине во опозиција, рече Мицкоски од Охрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:18 0:00

По повеќе од 22 години, ДУИ е добро да замине во опозиција, да доживее внатрешна катарза и реформирање, рече Мицкоски од Охрид. Автор: Мики Трајковски

Коментирајки го окрупнувањето на албанската опозиција, во пресрет на престојните претседателски и парламентарни избори, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Охрид рече дека тоа е добро за демократијата во државата.

„Конечно дојден крајот на најдолговечната политичка партија на власт во Македонија, повеќе од 22 години, ДУИ и е добро да замине во опозиција, да доживее внатрешна катарза и реформирање“, рече тој.

На прашањето дали професорката Гордана Сиљановска Давкова, повторно ќе биде нивни претседателски кандидат, Мицкоски рече дека, делегатите околу 500 на број на 2 март, на конвенција која ќе се одржи во Скопје ќе одлучат, кој ќе биде нивниот кандидат за шеф на државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG