Линкови за пристапност

Доналд Трамп, избран претседател на САД: Го постигнавме најневеројатното


Доналд Трамп, избран претседател на САД: Го постигнавме најневеројатното
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:59 0:00

Ова навистина ќе биде златното доба на Америка, рече избраниот американски претседател Доналд Трамп на неговото обраќање рано утринава до симпатизерите во Вест Палм Бич, Флорида, каде што се наоѓаше и неговиот главен изборен штаб.

Ова навистина ќе биде златното доба на Америка, рече избраниот американски претседател Доналд Трамп на неговото обраќање рано утринава до симпатизерите во Вест Палм Бич, Флорида, каде што се наоѓаше и неговиот главен изборен штаб.

Трамп, кој ја победи потпретседателката Камала Харис за да добие нов четиригодишен мандат како лидер на земјата, во тесната трка обезбеди најмалку 277 од 538 расположливи електорски гласови. Минимумот за освојување на мандатот е 270 гласа.

„Сега е јасно дека го постигнавме најневеројатното.. Погледнете што се случи. Дали е ова лудо? Но, тоа е политичка победа каква што нашата земја досега не видела. Ништо вакво“, рече Трамп кој упати благодарност што е избран за 47ми претседател на САД.

„Сакам да му се заблагодарам на американскиот народ за извонредната чест да бидам избран за ваш 47-ми претседател и ваш 45-ти претседател“, посочи Трамп.

Воедно, во говорот, кој го одржа додека уште немаше надминато 270 гласа, Трамп прогласи победа убедувајќи ги граѓаните на САД дека доаѓа, како што рече „златно доба“ за земјата.

„Ова навистина ќе биде златното доба на Америка. Тоа е она што треба да го направиме. Ова е величествена победа за американскиот народ што ќе ни овозможи повторно да ја направиме Америка голема“, истакна Трамп.

Од изборниот штаб на демократската кандидатка, Камала Харис, истакнаа дека таа ќе се обрати подоцна во текот на денот, по што насобраните симпатизери во Вашингтон почнаа да заминуваат.

Во системот на САД, каде што претседателските избори се бројат во серија натпревари од држава до држава, и Харис и Трамп брзо беа прогласени за победници во државите каде нивните партии уживаат јасна поддршка од мнозинството, додека нацијата се фокусираше на околу седум т.н. менливи држави од кои се очекуваше да ја наведат рамнотежата во насока на победникот.

На крајот, победите на Трамп во Пенсилванија, Џорџија, Северна Каролина и Висконсин му дадоа предност.

Рано утринава, кога стана евидентно дека е голема веројатноста за победа на Трамп, почнаа да пристигнуваат честитки и од светските лидери. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше еден од првите сојузници на САД кој испрати порака за поддршка, пофалувајќи го „историското враќање“ на Трамп, за кое рече дека нуди „моќна повторна посветеност кон големиот сојуз меѓу Израел и Америка“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој повика на поголема поддршка од САД и Западот за да се спротивстави на руската инвазија, позитивно зборуваше за, како што рече, посветеноста на Трамп за „мир преку цврстина“.

„Токму ова е принципот што практично може да го овозможи праведниот мир во Украина. Се надевам дека заедно ќе го спроведеме во акција“, рече Зеленски.

Шефот на НАТО, западната воена алијанса која Трамп долго ја критикуваше дека не прави доволно за одбраната на Европа, даде слични коментари во неговата честитка за Трамп.

„Неговото лидерство повторно ќе биде клучно за одржување на нашата Алијанса силна. Со нетрпение очекувам повторно да работам со него за унапредување на мирот преку силно #НАТО“, рече Марк Руте, генералниот секретар на НАТО.

Честитки за победата на Трамп упати и македонскиот политички и државен врв.

Трамп во неговиот втор претседателски мандат треба да биде инаугуриран на 20 јануари 2025 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG