Линкови за пристапност

Должината на животниот век во Европа се враќа на нивото пред пандемијата


Должината на животниот век во Европа се враќа на нивото пред пандемијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Очекуваниот животен век во Европа се врати на нивото што го достигна пред пандемијата во 2020 година, додека САД се уште се обидуваaт да ja повратат статистиката. Севкупно, новите бројки покажуваат дека очекуваниот животен век е зголемен во повеќето делови на светот. Известува Хенри Риџвел.

Најновите бројки на Европската унија објавени овој месец покажуваат дека просечниот животен век во ЕУ во 2023 година бил 81,5 години - речиси една година повеќе во однос на 2022-та, со оглед на окончувањето на пандемијата со коронавирус.

„Во Европа, гледаме висок животен век во земји како Шпанија, Италија, Шведска, Норвешка, но некои земји заостануваат, а тоа ја вклучува и Британија. Источна Европа постигна многу напредок од пост-советската криза на смртност во 1990-тите, но тие сè уште заостануваат“, вели Џенифер Даун од Универзитетот во Оксфорд.

Една неодамнешна студија во списанието Лансет покажа дека на глобално ниво, очекуваниот животен век се зголемил за 6,2 години помеѓу 1990 и 2021 година - при што источна субсахарска Африка доживеа најголем пораст од околу 10,7 години.

„Тоа е добра вест и одразува континуиран напредок низ целиот свет по падот поради заразните болести и смртноста на доенчињата и децата, што прави голема разлика во очекуваниот животен век затоа што заштедувате многу години од животот ако спасите живот на млади години“, додава Даун.

Бројките објавени во март покажаа дека просечниот животен век во САД во 2022 година, според најновите достапни податоци беше 77,5 години – и натаму една година понизок од очекуваниот животен век пред пандемијата.
Статистиката за 2023-та сè уште не е објавена.

„Многу земји се вратија блиску до очекуваниот животен век пред пандемијата, но некои, како што се САД, сè уште не се вратиле на нивоата на кои беа во 2019-та. Друга работа што има големо влијание е епидемијата со дебелина на населението, која почна да се зголемува, особено во САД, во раните 1980-ти. Гледаме големи забавувања поради кардиоваскуларните болести кои предизвикуваат голем дел од застојот за раст на животниот век во земјите со високи приходи“, додава Даун.

Европскиот Монако – омилен дом и локација за супер-богатите – има најголем животен век во светот во 2023 година - со речиси 90 години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG