Линкови за пристапност

Жителите во Лос Анџелес се информираат за пожарите преку специјализирана апликација


Жителите во Лос Анџелес се информираат за пожарите преку специјализирана апликација
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

По пожарите во областа Лос Анџелес, Калифорнија, жителите најновите информации ги добиваат од апликација за итни информации за пожарите и за опасностите. Известува Мишел Квин.

По пожарите во Лос Анџелес кои им се закануваа на заедниците, на жителите им беа потребни информации што можат веднаш да ги искористат, како што се евакуациони зони, насока на ветрот и чадот, прекин на струја и други.

Многумина ја искористија апликацијата наречена „Вач Дјути“, управувана од тим оддалечен стотици километри во Северна Калифорнија.

Вач Дјути им нуди на жителите клучни информации за нови епидемии, менување на правецот на ветерот и други ризици. Тоа е виртуелен оперативен центар за итни случаи кој дава ажурирани податоци од соседството за време на криза.

„Мојата итна помош и на мојот сосед, кој живее четвртина милја подалеку од мене, се различни. Има информации за различни заедници, и тука доаѓа технологијата“, вели Ник Расел од „Вач дјути“.

Апликацијата „Вач Дјути“ доставува детални, локални информации. Тоа е една од причините за нејзината популарност кај своите седум милиони корисници, од кои многумина ја презедоа апликацијата во последните недели.

Успехот на апликацијата укажува на ветувањето дека технологиите како што се вештачката интелигенција и сензорите, ќе им ги дадат на жителите и на оние кои први ќе реагираат, информациите во реално време што им се потребни за да преживеат и да се борат со природни катастрофи.

Меѓу технолошките партнери е и „Алертик Калифорнија“, управувана од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего. Нејзината мрежа од повеќе од 1.000 камери со вештачка интелегенција, често открива пожари пред луѓето да ги забележат.

„Заедно сме и очи и уши. И тогаш тоа го дистрибуираме во извештаи до јавноста преку нашата платформа“, додава Расел.

Друг партнер на „Вач Дјути“ е Ен Фајф Сензорс, фирма со седиште во Мериленд. Нејзините сензори откриваат чад, топлина и други знаци на пожар.

„Тие се како нос, ако може да се каже така, па откриваат аномалии на чад и различни хемиски обрасци во воздухот“, посочува Расел.

Услугата на „Вач Дјути“ покрива 22 држави, главно во западниот дел на САД, и планира да се прошири во сите држави.

Иако огнот е нејзиниот фокус, апликацијата исто така планира да следи и други природни катастрофи, како што се торнада, урагани, земјотреси и цунами.

„Сакаме да бидеме едношалтерско место каде што луѓето ќе можат да одат и да ги добијат овие информации кога имаат потреба, за да имаат извор што ќе го направи јасно и концизно тоа што се случува“, додава Расел.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG