Првиот човек на ЗНАМ денеска излезе со три предлог-услови до врвот на СДСМ од чие исполнување би зависела можната идна соработка по изборите. Максим Димитриевски бара оставка на раководството на некогашната негова партија, потврда дека носителите на изборните листи на СДСМ и коалицијата нема да ги прифатат пратеничките мандати и цврста гаранција дека социјалдемократите нема да преговараат со актуелното раководство на ДУИ.
„Сметам дека е етички исправно да направам обид заедно да ги спасиме асномските и крушевските леви вредности и приницпи. Затоа денеска директно му се обраќам на раководството на СДСМ и му ги соопштувам кумулативните услови на ЗНАМ за евентуална можна соработка. Прво, во наредните 24 часа раководството на СДСМ да поднесе комплет неотповикливи оставки од сите можни функции во партијата. Второ, носителите и коносителите на кандидатските листи на нотар да изјават дека нема да прифатат пратенички мандати и истите ќе ги преземат сите кандидати коишто следуваата на листите по нив. Трето, да се обврзат дека ниту тајно, ниту јавно нема да продолжат да заговараат соработка со сегашното ДУИ, за навистина, а не само формално, туку и суштински со пример, да покажат дека ја примиле вистински пораката на граѓаните и постапиле веднаш по истата. Овие услови кои ги дава ЗНАМ не се за понижување на СДСМ, туку за одговорност на нејзиното раководство кое овие потези требаше да ги повлече многу одамна. Нашите работни групи се подготвени за разговори и евентуална соработка со некое преодно техничко ново раководство на СДСМ кое ќе изрази политичка волја за ревидирање на досегашните нивни политики, за најважните национални прашања“, изјави претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.
Facebook Forum