Галуп проценува дека малку повеќе од седум проценти од возрасните Американци се лезбејки, хомосексуалци, бисексуалци, трансродови или ја преиспитуваат својата сексуалност – познати како LGBTQ.
Таа група протестираше против објава на Твитер во 2017 година кога тогашниот претседател Доналд Трамп соопшти дека им забранува на трансродовите лица да служат војска.
Но, откако стана претседател, Џо Бајден ја поништи забраната.
„Трансродовите лица ако се квалификувано на секој друг начин, може да служат војска.“, рече Бајден.
„Многу олеснува кога има администрација која разбира кои сме и не цени како американски граѓани“, вели Сара Кејт Елис, Претседателка и извршна директорка на „GLAAD“ – НВО за медиумско застапување на ЛГБТ.
За време на неговиот мандат претседателот Џо Бајден го потпиша Законот за почитување на бракот, кој им даде федерални права и бенефиции на истополовите парови. Еве што рече тој на ЛГБТК заедницата за време на настан во Белата куќа.
„Вие сте сакани. Ве слушаат, ве разбираат и вие припаѓате“, рече Бајден.
„Како хомосексуалец многу од моите права со другите политички партии може да бидат загрозени. Една од од причините зошто го поддржувам Бајден овој мандат, а го поддржав и минатиот мандат, е поради тоа за што тој се залага“, вели Ренди Браво, поддржувач на Бајден.
Поранешниот претседател Доналд Трамп беше првиот претседател кој во кабинетот назначи функционер кој е хомосексуалец, но тој зазеде генерално поконзервативен став. Рече: „Бог создаде два рода, машки и женски“.
„Што е со личните заменки? Ако навистина ги проучувате, тоа е болно. Ќе ја заштитам содржината која е про-божја. Ќе го заштитиме про-божјиот контекст и содржина“, беше ставот на Трамп.
Таков став имаат и неговите поддржувачи.
„Републиканската страна повеќе се усогласува со она што го вели Библијата во однос на елиминирање на абортусот, на ослободување од LGBTQ“, вели Томас Избел, поддржувач на Трамп.
Претседателот Бајден ги осуди конзервативните државни закони кои ограничуваат операција за потврдување на полот и часовите за сексуална ориентација. Поранешниот претседател Трамп ова го вети на неговата веб страница за кампањата.
„На првиот ден, ќе ја отповикам суровата политика на Џо Бајден за таканаречената „грижа за потврдување на родот“. Смешки – процес во кој на децата во пубертет им се дава блокатори, мутација на нивниот физички изглед и на крај операција на малолетни деца“, се закани Трамп.
Демократски советник вели дека тоа е традиционалната Републиканска партија што ја сакаат републиканските гласачи.
„Тие се против имигранти, трансродови лица, хомосексуалци, а Трамп го знае тоа“, вели Бред Вудхаус, од Демократскиот национален комитет.
Овие гласачи му помогнаа на Бајден да победи во сојузните држави во 2020 година. Анкетата на невладината група за застапување на ЛГБТ лицата ја покажува истата силна поддршка за Бајден. Тие бараат од Републиканската партија да се фокусира на економијата, наместо да им ги ограничува права.
Facebook Forum