Линкови за пристапност

Демократите протестираат, републиканците ја бранат политиката на Трамп


Демократите протестираат, републиканците ја бранат политиката на Трамп
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:37 0:00

Демократските законодавци ги критикуваат, како што ги нарекуваат, „екстремните“ напори на Трамп за преобликување на американската влада. Меѓутоа, републиканците ги бранат потезите, велејќи дека обидите да се запре измамата и расипништвото се одамна задоцнети. Известува Кетрин Џипсон.

Втора недела протести на демократските законодавци загрижени за обидите на претседателот Доналд Трамп да ја преобликува американската влада.

И покрај ограничениот политички капитал во двата дома на американскиот Конгрес, демократите ветија дека ќе се борат против, како што ги нарекуваат, „екстремните“ напори на администрацијата на Трамп да ги затвори владините агенции и веднаш да отпушти федерални работници.

„Ако сакате да направите кратења, тогаш тоа треба да го направите преку дебата во Конгресот, а не беззаконски, само со нивно спроведување. Сакаме да се осигураме дека нема да се прави расипничко трошење, но тие ги сечат основните работи што ќе им наштети на милиони американски семејства”, вели Чак Шумер лидер на малцинството во Сенатот.

Републиканците ја бранеа работата на Одделот за владина ефикасност предводен од милијардерот Илон Маск, велејќи дека обидите да се запре измамата и расипништвото се одамна задоцнети.

„Нападите на Демократската партија е токму причината зошто тие немаат мнозинство во Конгресот, а нивниот кандидат не е во Белата куќа. Одделот за владина ефикасност со право ги повлекува завесите кои беа затворени со години, а гневот што го гледаме од спротивната страна е збунувачки, но не изненадувачки, ако се има во предвид нивниот рекорд на неуправување со парите на даночните обврзници“, вели републиканецот Том Емер.

Демократите ветуваат дека ќе се борат за заштита на владините агенции или ќе ги задржат нивните гласови во претстојните разговори за финансирање на владата.

„Постои многу мал интерес да им се помогне на Републиканците кога не веруваме дека претседателот Доналд Трамп ќе ги потроши ресурсите што ги обезбедивме за образованието, здравството, нашата одбрана, со Елон Маск и неговите не избрани пријатели кои поминуваат и ги прегледуваат федералните системи”, посочува демократот Пит Агилар.

Демократите имаа одреден успех со привремено запирање на извршните наредби на Трамп во американскиот судски систем, но еден аналитичар за Гласот на Америка рече дека за други промени ќе потрае.

„Сè уште не сме виделе мобилизација, но тоа е најиндиректната за механизмите на моќ во Вашингтон. Потребно е време за тие пораки да одекнат кај американскиот народ, за да се координираат меѓу себе и да добијат доволно обем за да стигнат до членови на Конгресот или доволно членови на Конгресот”, смета Кејси Бургат од Универзитетот „Џорџ Вашингтон“.

Но, претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон рече дека Демократската партија има многу мала моќ.

„Нема идентификуван лидер на партијата. Немаат јасна визија. Изгледаат како да се без курс. Во надеж дека ќе се најдат себеси, се зафатија со овој нов, сјаен објект наречен владеење на правото. Па, би сакале да гo поздравиме концептот. Би било за почит ако не поминале последните четири години со главите закопани во песок додека поранешниот претседател Џо Бајден буквално го газеше владеењето на правото без никакви приговори”, вели Џонсон.

Краткорочниот договор за финансирање на американската влада треба да истече на 14 март.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG