Линкови за пристапност

Демократијата на тест во Источна Европа и под силно руско влијание


Демократијата на тест во Источна Европа и под силно руско влијание
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:12 0:00

Западните земји и Русија се вклучија во битка за влијание во Источна Европа во 2024 година. Се одржаа избори во неколку држави кои некогаш биле под советска власт. Аналитичари велат, влијанието на Москва е силно. Известува Хенри Риџвел.

Десетици илјади Грузијци одржаа демонстрации минатата пролет против законот на владата за „странски агенти“ - наречен „руски закон“ од неговите противници, по слично законодавство кое долго време го користи Москва за да ги замолчи неистомислениците.

Протестите прераснаа во битка за иднината на Грузија.

Опозицијата своите надежи ги насочи на општите избори во октомври. Но, владејачката партија Грузиски сон победи со над 53 отсто од гласовите.

Набљудувачите го обвинија Грузиски сон дека го надгледува раширеното местење на гласањето, што партијата негираше. Демонстрантите се вратија на улиците.

„Сакам само да гледаме напред кон Европа, а не назад кон дупката од каде штотуку излеговме”, вели демонстрантот Саломе Бакхадѕе.

Владата започна брутално задушување на протестите и ги прекина преговорите за пристапување во Европската унија. Вашингтон пак го суспендираше стратешкото партнерство со Грузија.

Премиерот Иракли Кобахиџе не се покаја.

„Апсолутно сме посветени на целосно неутрализирање на радикалната опозиција”, изјави Кобахиџе.

Молдавија - уште една поранешна советска република - исто така одржа претседателски избори во октомври.

И покрај широко распространетите докази за мешање на Москва, проевропската актуелна претседателка Маја Санду победи во вториот круг во ноември со 55 отсто од гласовите.

„Денес, драги Молдавци, одржавте лекција за демократија”, истакна молдавската претседателка Маја Санду.

Во соседна Романија, кандидатот на екстремната десница Калин Георгеску - кој се противи на помошта од Западот за Украина - постигна шокантна победа во првиот круг на претседателските избори во ноември и покрај предизборните анкети кои покажуваат дека тој ќе добие едноцифрена поддршка.

Но, резултаттите беа поништени од страна на највисокиот суд на Романија, откако безбедносните служби открија кампања за дезинформации за промовирање на Георгеску на социјалните мрежи - напор за кој широко се обвинува Русија, што таа го негира тоа.

„Кампањата на овој кандидат беше поддржана од држава која е туѓа за интересите на Романија”, истакна Клаус Јоханис, претседател на Романија.

Аналитичарите велат дека Русија се меша во европската демократија - но сликата е посложена.

„Секогаш би ги нагласил локалните ранливости, фактот дека понекогаш имаш ваков јаз меѓу елитата и населението и Русија само се обидува да ги зголеми тие празнини”, смета аналитичарот Костин Чиобану.

Изборите се одвиваа на позадината на бруталниот вооружен конфликт во Украина, по руската инвазија во 2022 година. Аналитичарите велат дека конфликтот - и одговорот на Европа - продолжуваат да влијаат на европската политика и гласачите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG