Линкови за пристапност

Дел од ослободените украински села постепено се обновуваат


Дел од ослободените украински села постепено се обновуваат
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:26 0:00

На Украина ѝ се потребни 524 милијарди долари за закрепнување, се вели во нов извештај за проценка на штети и потреби. Извештајот е објавен од Обединетите нации, украинската влада, Светска банка и Европската комисија. Лесија Бакалец известува од село на околу 90 километри северно од Киев.

Фотографии од подрумот на ова училиште во април 2022 година станаа вирални - руските трупи го окупираа целото село скоро еден месец.

„На 3 март 2022 година, Русите влегоа во селото и за три дена ги натрупаа сите во подрумот. Самиот подрум е 198 квадрати, а бевме 380. Тоа е околу половина метар простор по човек“, раскажува Иван Полгуј, жител на селото.

На ѕидовите се испишани имињата на 10 луѓе кои загинале во подрумот.

„Немавме доволно кислород бидејќи имаше толку многу луѓе. Малку се движевме; нозете почнаа да отекуваат, а кожата да се суши. Луѓето не можеа да издржат; почнаа да умираат“, додава Полгуј.

Потоа, на 31 март 2022 година, украинските трупи го вратија селото Јагодне од руската војска. Почнаа да се појавуваат жители и нивното село беше непрепознатливо.

„Во селото има 174 домаќинства. Целосно изгореа 17 куќи. Сите останати се оштетени. Целото село беше пепел, изгорено“, вели Олга Лиаковец, лидерка во селото.

Олга вели дека многу жители веднаш заминале, плашејќи се за својата безбедност. Некои почнале да се враќаат за неколку месеци.

Валентина, која одби да го соопшти своето презиме од безбедносни причини, вели дека нејзиниот дом е многу оштетен.

„Немаше покрив, немаше прозорци, врати, ништо. Бев во страшен шок“, раскажува Валентина.

Волонтерите биле први кои пристигнале за да помогнат во обновата.

„Во овие три години потпишав повеќе од 50 меморандуми за соработка. Имаше различна помош: финансиска, со материјали, имаше помош со работна сила“, вели Олена Швајдка, лидерка на заедницата Ивановка.

Многу селани морале сами да започнат со обнова, како Хрихориј Ходак.

„Прво ги покрив прозорците и почнав да го чистам стаклото внатре. Живеевме така, веројатно до ноември кога волонтерите ни дадоа прозорци“, вели Ходак.

Во 2023 година селото учествувало во државен пилот проект за сеопфатна реконструкција.

„Ова е улицата Дружби, центарот на селото. Беше многу оштетена од тешка механизација. Сега, патот е обновен, се направија нови огради, поставено е улично осветлување, но се` уште не работи“, вели Лиаковец.

Финансирањето на пилот-проектот било привремено запрено во 2024 година и продолжило до 2025 година. Локалните власти велат дека сега речиси сите жители на селото се вратиле и живеат дома.

„Сега е скоро 90%. Околу 10 куќи сè уште не се обновени“, вели Швајдка.

Но, психолошката траума трае.

„Луѓето се подепресивни, поемотивни. По тие денови во подрумот, многу луѓе почнаа да се разболуваат. Не можам да го заборавам ова до крајот на мојот живот“, вели Валентина.

Украинските власти ветија дека ќе го претворат училиштето во меморијален комплекс. Во меѓувреме, неодамнешен извештај за проценка на штетите и потребите - објавен од ОН, украинската влада и други - вели дека 13 отсто од становите во Украина се оштетени или уништени по целосната инвазија на Русија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG