САД имаат огромно количество на енергетски ресурси ако се вклучат и неискористени резерви на природен гас и јаглен:
„Повеќе отколку Саудиска Арабија, повеќе од Русија, Кина, Иран, Ирак, Либија и Кувајт заедно!“, вели Џек Џерард, претседател на Американскиот институт за нафта.
Тој на извршните лица од овој индустриски сектор им рекол дека единствена пречка што стои на патот меѓу енергетската безбедност на САД и отварањето илјадници нови работни места е колебливоста на администрацијата на претседателот Обама во давање зелено светло за истражување на резервите со нафта и природен гас.
Трговските групации почнаа маркетиншки реклами да го направат енергетското производство изборно прашање. Групата врши притисок врз претседателот Обама за одобрување на масивен проект за изградба на нафтовод кој ќе пренесува 700.000 барели сурова нафта дневно во рафинериите во Тексас.
„Се надеваме и го охрабруваме дека ќе донесе одлука во правец на отварање 20.000 работни места во САД веднаш и овозможување создавање дополнителни половина милион работни места во САД до 2030-та“, изјави Џек Џерард.
Поборниците за заштита на животната средина го отфрлија овој аргумент. Тие велат дека речиси 3000 километарскиот нафтовод Кистоун Икс-Ел ќе предизвика ненадоместлива штета. Пет Спеарс го претставува домородно племе од Јужна Дакота:
„Ние сме противиме од причини кои се однесуваат на заштитата на животната средина, особено поради ризикот од излевањето на нафтоводот Кистоун“, вели Спеарс.
Од Инстутот, пак велат дека проектот во висина од седум милијарди долари ќе биде најбезбеден во светот.
Аналитичарот за енергетски прашања Џефри Стајлс вели дека се работи за ситуација во која секој претседател ќе се соочи со притисок од синдикати и од поборници за заштита на животната средина:
„Веројатно најдобро решение е да се одложи донесувањето одлука по завршувањето на изборите и за двете страни, но мислам дека претседателот секако ќе биде принуден да донес еодлука, и независно што ќе одлучи, некому нема да му одговара.
Од друга, Стајлс вели дека робусната домашна енергетска програма мора да претставува штит за САД од влијанието на геополитичкиот проблем во врска со некои од најголемите производите на нафта во светот, како Иран.
Цената на нафтата на пазарите доживеа скок по гневните протести во богатата со нафта Нигерија поради укинувањето на нафтените бенефиции во оваа земја, како и откако иранските воени лидери се заканија дека ќе се одмаздат против економски санкции со затварање на Теснецот Ормуз. Меѓународните танкери низ овој теснец пренесуваат околу 40 проценти од светското производство на нафта.