Линкови за пристапност

Дебатата за абортусот во САД се вжештува како што се наближуваат изборите


Дебатата за абортусот во САД се вжештува како што се наближуваат изборите
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:18 0:00

Додека кампањите и на Бајден и на Трамп ги споделуваат своите пораки за абортусот, Вероника Балдерас Иглесијас од Гласот на Америка известува за тоа како гледаат на репродуктивните права граѓаните и законодавците пред претседателските избори.

За време на кампања за репродуктивните права во Пенсилванија неодамна, потпретседателката Камала Харис ги осуди ограничувањата за абортус што се спроведуваат во неколку сојузни држави, вклучително и забраната на Флорида за абортус по шестата недела од бременоста.

„Мораме да го кажеме како што е. Дали не им верувате на жените дека знаат што е во нивен најдобар интерес? Вие, законодавец во некој сојузен конгрес каде мнозинството не се жени? Дали вие сте во подобра позиција да ѝ кажете на жената што треба да прави? Но, видете, ќе гласаме“, рече Харис.

Бајден вели дека доколку биде реизбран, ќе го врати „Роу против Вејд“ - значајна одлука на Врховниот суд, која пет децении го штитеше правото на жената на абортус.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, на својата социјална платформа на 5-ти мај, го нагласи неговиот став на оваа тема.

Тој напиша дека прашањето за абортусот зависи од сојузните држави, дека никогаш нема да се врати на федералната влада и дека државата наскоро ќе почне да се обединува околу ова спорно прашање.

Тројца од петте судии на Врховниот суд кои гласаа за укинување на „Роу против Вејд“ во 2022 година, беа номинирани од Трамп.

Во моментов, 41 сојузна држава забранува абортус во одреден момент меѓу шест до 24 недели по бременоста, со одредени исклучоци, според Институтот Гутмахер.

Ограничувањата мотивираат многу гласачи, вели Џо Бекер од „Хјуман Рајтс Воч“.

„Видовме на гласање на сојузно ниво дека жените гласачи се обидуваат да го зачуваат правото на абортус во нивната сојузна држава“, посочува Бекер.

Кампањите и на Трамп и Бајден сметаат на стратегија од сојузна држава до сојузна држава, за да видат дали абортусот ќе биде победничко прашање на претседателските избори во 2024 година, вели професорката по право на Универзитетот Џорџ Мејсон, Хелен Алваре, која се идентификува себеси како демократка која е против абортус.

„Степенот до кој кампањата на Бајден го направи тоа, мислам, знаете, „Њујорк тајмс“ и другите го нарекуваат нејзино прашање број еден. Тоа е одлука за стратегија што ја донеле, и може да им даде неколку процентни поени предност. Во длабока конкуренција е со прашања за економијата, инфлацијата и имиграцијата“, вели Алваре.

Интервјуирана во Северна Каролина, студентката од Универзитетот Дјук Амаја Клејтон, изјави за шпанската редакција на Гласот на Америка, дека таа и нејзините врсници ги гледаат репродуктивните права како голем проблем.

„Има постојана дебата во САД откако се укина „Роу“ со „Добс против Џексон“. И затоа мислам дека тоа е нешто за што многу студенти се многу заинтересирани и многу се грижат за тоа“, смета Клејтон.

Во Њу Хемпшир, републиканскиот конгресмен Џим Кофалт вели дека слушнал повеќе грижи на гласачите.

„Има голема загриженост дека на сојузно ниво ќе воведеме широко распространети ограничувања на абортус. Но, тоа воопшто не е случај овој законодавен циклус. Мислам дека има многу подолг разговор што треба да го водиме како општество, како се чувствуваме за тоа и каде мислиме дека е соодветно да се повлече границата“, посочува Кофалт.

Дебатата, сепак, се претвора во легислативни битки, главно по партиска линија, во држави како Аризона, каде што неодамна беше укината речиси целосната забрана за абортус.

Аналитичарите очекуваат дека правните битки ќе продолжат на сојузно ниво, но предупредуваат дека сè уште е рано да се предвиди дали абортусот ќе биде прашањето на кое гласачите ќе му дадат приоритет кога ќе излезат на гласање во ноември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG