Типично попладне во њујоршкото метро, каде што милиони дневно ги користат возивите како транспорт.
Додека криминалот во подземната железница е намален, инцидентите како што се напади под тешки кривични дела и убиства се зголемија од 2019 година, се вели во извештајот на Њујорк Тајмс.
Осомничените често користат маски за лице за да го сокријат својот идентитет додека ги вршат овие злосторства, и се зголемува загриженоста за безбедноста кај њујорчани.
Некои локални политичари се залагаат за построги акции. Во август, округот Насау, во Њујорк, им забрани на луѓето јавно да носат маски на лицата. Законот го потпиша првиот човек на округот Брус Блејкман.
Експертот по уставно право Илја Шапиро од Институтот Менхетен се согласува дека забраните за маски можат да бидат моќна алатка во борбата против криминалот.
Но, поборниците за граѓански права предупредуваат дека забраните за маски може да ги надминат и поткопаат индивидуалните слободи.
Во меѓувреме, њујорчани се поделени околу тоа дали забраната за маски треба да се прошири на низ целиот систем на метрото во градот. Некои тврдат дека е неопходно да се запрат криминалците, додека други се плашат дека тоа оди чекор предалеку.
Додека луѓето имаат различни ставови, њујорчани се соочуваат со баланс меѓу безбедноста и личните слободи во еден од најпрометните системи на подземната железница во светот.
Facebook Forum