Линкови за пристапност

ЦИА сака да распореди повеќе шпиони во странство


Коментарите на директорката Џина Хаспел ги одразуваат приоритетите наведени во пошироката Стратегија за национална безбедност на САД

ЦИА сака да го прошири своето присуство во светот за да ги елиминира т.н. разузнавачки недостатоци со цел справување со предизвиците кои доаѓаат од конкурентните држави како Русија и Кина.

Директорката на ЦИА Џина Хаспел повика на пренасочување на фокусот од антитероризам кон потрадиционални видови на разузнавање насочено против државите кои се „стратешки приоритет.“ Таа кажа дека потребата за подобра информираност за ривалите на САД е меѓу „најважните прашања“ со кои се соочува Агенцијата.

„Го заоструваме нашиот фокус на непријателските држави“ рече Хаспел во говор на Универзитетот на Луисвил. Ова беше нејзино прво јавно појавување откако во мај даде заклетва на функцијата директорка на ЦИА.

Хаспел додаде дека сака дека да „го зголеми бројот на разузнавачи кој се стационирани во странство“.

Како дел од тие напори таа рече дека ЦИА се надева дека ќе може да ангажира лица кои зборуваат кинески, арапски, фарси, турски, француски и шпански јазик.

Коментарите на Хаспел ги одразуваат приоритетите наведени во пошироката Стратегија за национална безбедност на САД која бара спротивставување на државите и организациите кои бараат промена на глобалната рамнотежа на моќта.

Директорката на ЦИА изрази загриженост во врска со Кина, за која рече дека „работи на намалување на влијанието на САД со цел унапредување на сопствените цели“.

Хаспел изложи и неколку други приоритети, како што се поголема родова разновидност во Агенцијата, борба против глобалната трговија со дрога, справување со иранските активности на Блискиот исток, како и поголема транспарентност пред американската јавност.

Таа се осврна на важноста за одржување на моралот во организацијата и избегнување на политичката поделеност кој владее во главниот град на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG