Линкови за пристапност

Хаспел вети дека нема да ја обнови програмата за симулирано давање


Долгогодишната оперативка и актуелна заменичка директорка на ЦИА, Џина Хаспел вети дека нема да ја обнови програмата за испрашување кое е потенцијална пречка за нејзина потврда за раководителка на агенцијата.

„Можам да ви ја понудам мојата лична заложба, јасно и без резерва, дека под мое раководство, ЦИА нема да ја обнови програмата за притвор и испрашување. ЦИА научи вредни лекции од тоа искуство. Од нас беше побарано да спроведеме мисија која е надвор од нашата експертиза. За мене, не постои подобар пример за спроведување на научените лекции од она што агенцијата го научи од таа програма“ реле Хаспел.

Таа сведочеше пред Комисијата за разузнавање на Сенатот каде во фокус беше нејзината улога во спроведувањето на програмата за испрашување.

Во 2002-та година, Хаспел накратко го надгледувала тајниот затвор на ЦИА во Тајланд, каде што затворениците биле изложени на симулирано давење со вода и други техники на испрашување кои често се споредувани со тортура.

ЦИА во неколку наврати тврдеше дека акциите на Хаспел биле легални и ја бранеа нејзината улога.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG