Линкови за пристапност

Хаспел денес сведочи во Сенатот


Сослушувањето ќе фрли светло врз кариерата на актуелната заменик-директорка на ЦИА

Пред околу два месецa, ЦИА започна со досега невидена медиумска кампања, чија цел е поставување на лице од нивните редови за директор на Агенцијата.

Деновиве креаторите на тој план, ќе видат колку добро си ја завршиле работата.

Оперативната и актуелна заменик-директорка на ЦИА Џина Хаспел, денес ќе се појави на сослушување пред Сенатската комисија за разузнавање, каде најверојатно во фокус ќе биде нејзината улога во контроверзната програмата за испрашување на осомничени терористи.

Малкумина од американската разузнавачка заедница ја минимизираат важноста на овие прашања, но, тие се загрижени дека под знак прашање може да биде ставено зачувување на професионалноста и објективноста на Агенција, особено во време кога екстремната партиска политика се шири на сите нивоа на Владата.

Единственото нешто што засега е сигурно е дека сослушувањето ќе фрли светло врз кариерата на Хаспел, која во нејзината ограничена јавна изложеност предизвикива внимание.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG