Линкови за пристапност

Номинираната за директорка на ЦИА е под критика за жестокоста кон терористите


Според новинарски извештаи, Хаспел била загрижена за расправата во Сенатот за која верува дека би можела да и наштети на ЦИА и на нејзината репутација

Претседателот на САД, Доналд Трамп вели дека неговата избраничка за прва жена на чело на ЦИА, Џина Хаспел „е под силна критика, бидејќи била непопустлива кон терористите“.

Тој објави Твитер порака по новинарските извештаи дека Хаспел понудила да ја повлече номинацијата затоа што претставници од Белата куќа искажале загриженост за нејзината улога во жестоките испитувања на осомничените терористи.

„Размислете, во овие многу опасни времиња, имаме најквалификувана личност, жена, која демократите сакаат да не биде потврдена, бидејќи таа е премногу жестока против тероризмот. Победа за Џина!" напиша Трамп.

Како што објави „Вашингтон пост“, Хаспел била загрижена за расправата во Сенатот за која верува дека би можела да и наштети на ЦИА и на нејзината репутација.

Според извештаите, високи функционери од администрацијата на Трамп во седиштето на ЦИА разговарале со Хаспел во врска со нејзината загриженост.

„Нејзината номинација нема да биде нарушена од страна на партиски критичари кои заедно со Американската унија за граѓански слободи сакаат да влијаат како ЦИА треба да се грижи за безбедноста на американскиот народ“, рече портпаролот на Белата куќа Раџ Шах.

Сослушувањата во Сенатот за потврда на Хаспел на функцијата е закажано за средата.

Хаспел моментално е вршителка на должноста директорка на ЦИА, каде работи 33 години.

Иако голем дел од нејзините активности се класифицирани, од Американската унија за граѓански слободи и многу демократи веруваат дека таа треба да биде дисквалификувана бидејќи управувала со таен притворен центар на ЦИА во Тајланд. Двајца исламисти, осомничени за тероризам таму биле изложени на практиката симулирано давење, што критичарите го нарекуваат тортура.

„Асошиетед прес“ објави дека на нејзините средби со сенаторите, Хаспел ги уверила дека како директор на ЦИА таа ќе се спротивстави на враќањето на бруталните техники. Таа веројатно ќе ја повтори истата гаранција за време на сослушувањата.

Портпаролот на ЦИА соопшти дека пратениците и јавноста ќе ја видат „вистинската Џина Хаспел“ во средата и ќе видат зошто, според портпаролот, таа би бил одличен директор на разузнавачката агенција

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG