Линкови за пристапност

Буф-бегалец ги освои срцата на њујорчани


Буф-бегалец ги освои срцата на њујорчани
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:10 0:00

Редок був ги освои срцата на њујорчани по неговото бегство од градската зоолошка градина. Многу експерти за животни предвидуваа дека тој нема да преживее, но бувот им го докажа спротивното. Известува Арон Ранен.

Пред една година, евроазискиот був по име Флако се ослободи од својот ограден простор откако помина речиси 13 години во зоолошката градина Централ Парк. Вандалите ги манипулирале жиците од неговиот кафез, што му го олеснило бегството.

Дејвид Барет, од „Manhattan Bird Alert“, профил на Твитер посветен за набљудувањето птици во Њујорк, беше меѓу првите што го забележа Флако по неговото бегство.

„Првиот пат кога го видов Флако беше утрото по неговото бегство од Зоолошката градина Централ Парк. Тој се качи високо на дрво на јужниот крај на Централ Парк. Тој беше прекрасен, огромен був. Убав був. Го фотографирав и снимив видео. И од тој ден, го гледам Флако речиси секој ден“, вели Барет.

Барет забележа дека тој и другите ентузијасти за птици биле изненадени од тоа колку брзо Флако се прилагодил на неговата нова околина.

„Неверојатната работа кај Флако, меѓу многуте работи што сега ги претпоставувам, е тоа што Флако сам се научи како да лови за неколку дена. И сите се чувствувавме многу подобро. За брзо време зоолошката му дозволи да остане во Централ Парк и тој е таму. Тој стана симбол на слободата, а исто така и на издржливоста што луѓето го сакаат и го сакаа уште од самиот почеток“, додава Барет.

Моментално, Флако не покажува никакви индикации дека бара помош, всушност тој лета и надвор од паркот во другите делови од градот, следејќи го њујоршкиот слоган: „Ако можете да успеете тука, можете секаде“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG