„Северна Македонија се обврза на уставни измени и од наша перспектива веруваме дека сите политички сили ќе се фокусираат на напредок во процесот на ЕУ-интеграција“ беше одговорот на портпаролката на Европската комсиија, Ана Писонеро, на прашањето што Унијата очекува од земјата во однос на уставните измени по завршувањето на изборниот процес.
„Во однос на Северна Македонија, како што наведовте, утре се одржува вториот круг претседателски и исто така парламентарни избори. Очигледно е дека одблиску го следиме процесот. Европскиот совет јасно кажа какви се очекувањата и ние, од наша страна, целосно ја поддржуваме перспективата за членство на Северна Македонија во ЕУ и се надеваме дека ќе бидеме во можност да го отвориме преговарачкиот процес што е можно поскоро. Северна Македонија се обврза на уставни измени и од наша перспектива веруваме дека сите политички сили ќе се фокусираат на напредок во процесот на ЕУ-интеграција“, изјави Ана Писонеро, портпаролка на Европската комисија.
Facebook Forum