Брендан Кар е изборот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја води Федералната комисија за комуникации. Агенцијата ги регулира ТВ и радио емитувачите, давателите на телефонски, интернет услуги и сателитите.
Кар моментално е комесар на Федералната комисија за комуникации (ФКК), каде долго време работи.
„Јасно е дека има големо искуство. Верувам дека тој е таму од 2012 година како адвокат, кој беше прилично транспарентен, што е добро. Има прилично добро или многу силно чувство за тоа како функционира Федералната комисија за комуникации“, вели Стивен Мекдауел од Државниот универзитет на Флорида.
Трамп го опишува 45-годишниот адвокат како, цитирам, „воин за слобода на говорот“. Кар за Агенцијата во прирачникот за конзервативни приоритети на политиката Проект 2025 напиша дека компаниите за социјалните медиуми потиснуваат одредени политички ставови. Тој вели дека сака да ги контролира ТВ мрежите за пристрасност.
„Американците живееја под невиден пораст на цензурата во последните неколку години, и ние мораме да работиме да го смениме тоа. Втор приоритет се медиумите; Довербата во медиумите е на најниско ниво. Има многу што Агенцијата може да направи за да се увери дека радиодифузерите, всушност, му служат на јавниот интерес“, истакнува Кар.
За тие амандмани има критики за потенцијални прекршувања на правото на слобода на говор – Првиот амандман на Уставот.
„Една од работите што тој ги предлага е всушност да ги натера овие компании да ги остават содржините такви какви што се, непроменити, што огласувачите и други ги сметаат за навредливи. Со други зборови, користејќи ја моќта на федералната влада да ги присили овие приватни компании да задржат одредени форми на говор“, вели Џесика Ј. Гонзалес, директорка во „Free Press“.
Кар, исто така, сака повеќе Американци да имаат пристап до интернет. Тој изрази загриженост за националната безбедност околу давателите на услуги технологии и опрема произведени во Кина – како и социјалната мрежа „ТикТок“ во кинеска сопственост – за евентуално собирање информации за Американците во корист на Кинеската комунистичка партија.
„Кинеската комунистичка партија не доаѓа до САД и нашите слободи преку некој посебен вектор. Тие доаѓаат преку различни уреди. Тие доаѓаат преку различни услуги. Затоа е важно да бидеме будни“, смета Кар.
Таквите грижи за националната безбедност се со помала веројатност да бидат контроверзни за петчлената двопартиска комисија што ќе ја води Кар.
„Веќе има одредено финансирање за „старо за ново“, за да се повлече некоја мрежна опрема што е веќе поставена и да се замени со она што се смета за побезбедно“, вели Мекдауел.
Набргу откако Трамп го назначи Кар да ја води Федералната комисија за комуникации, Кар објави дека агенцијата ќе стави крај на напорите за различност, еднаквост и инклузија.
Facebook Forum