Жителот на Алтадена Фред Вандерлиндe оди низ пепелта каде што порано била неговата куќа додека бара статуета што ѝ ја подарил на својата сопруга пред 30 години.
Кога шумските пожари првпат ја зафатија оваа област на 7 јануари, Фред вели дека направил се` што можел за да го спаси својот дом.
„Бев тука до 3:45 часот наутро со моето црево за вадење обидувајќи се да ги изгасам жарови. Тогаш сите мои палми беа зафатени и имаше ветер, веројатно 50-60 милји на час. Тогаш немаше шанси да се борам со него“, вели Вандерлинде.
Пожарот Итон уништил околу 5.700 хектари што резултираше со 17 смртни случаи и загуба на над 9 илјади објекти во и околу Алтадена.
Бројни тужби има против снабдувачот со електрична енергија во регионот. Локалните жители направија слики и и видеа од пожар почнувајќи во близина на електрични столбови во планините.
Друго видео, на бензинска пумпа во Алтадена, покажува искри од далноводи пред дрво да се запали.
Дејвид Ајзенхауер е портпарол на компанијата за електрична енергија.
„Ние целосно соработуваме со истражителите и сме посветени на темелен и транспарентен процес. Видеото бара многу внимателна анализа и би било прерано да се шпекулира за него пред да биде анализирано од експерти“, вели Ајзенхауер.
Шумските пожари се чести во Калифорнија. Државните власти регистрирале над 8 илјади пожари само минатата година. Но, експертите како Стефани Пинсел велат дека луѓето ги предизвикуваат најголем број од шумските пожари во Калифорнија, а не суша или силни ветрови.
„Или фрлаат цигара низ прозорец или немаат добар прекинувач на искри на нивната косилка, или имаат проблем со далновод. Тие прават скара, палат огномет… Повеќето шумски пожари во Калифорнија се предизвикани од човек“, посочува Пинсел.
Иако е тешко да се реши човечкиот проблем, едно очигледно решение што Фред го посочува е да ги стави далноводите под земја.
Пинсел вели дека логистиката и парите го прават тоа исклучително тешко.
„Далновод што се протега на многу запалива област и на многу нерамен терен би бил премногу скап за под земја. Мора да одите нагоре и надолу по многу стрмни планини - тоа би чинело милијарди долари“, додава Пинсел.
Но, ако се утврди дека опремата на Едисон е одговорна - а истрагата ќе потрае многу месеци – ќе бидат потребни милијарди долари за компанијата да ги покрие штетите од некои од најразорните шумски пожари во историјата на САД, во кои загинаа 29 луѓе.
Facebook Forum