Линкови за пристапност

Билјана Ванковска: Категорична за излегување од НАТО


Билјана Ванковска: Категорична за излегување од НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:16 0:00

Да, апсолутно сум категорична (за излез од НАТО). Тоа е мој став уште од времето кога се зборуваше дали треба да го промениме името. Јас тогаш бев единствената од академската и интелектуалната фела, која зборуваше дури и со уставно име Македонија да не влезе во НАТО, вели кандидатката Ванковска

Билјана Ванковска е првпат во трката за претседател на државата. Таа е докторка по правни науки и предава на Филозофскиот факултет во Скопје. За себе вели дека е во предност во однос на другите конкуренти зашто е кандидат од партија (Левица) која не претендира да биде носител на власта.

„Ќе ја имам апсолутно целосната слобода (зашто) не сум актер на голема партија која ќе ме држи под контрола во однос на некои нивни коалициски договори и слично. Апсолутно слободен човек“, вели Ванковска во интервју за Гласот на Америка.

Ванковска категорично се залага за излегување на државата од НАТО.

„Да, апсолутно сум категорична. Тоа е мој став уште од времето кога се зборуваше дали треба да го промениме името. Јас тогаш бев единствената од академската и интелектуалната фела, која зборуваше дури и со уставно име, дека јас сум за тоа Македонија да не влезе во НАТО, сметајќи на тоа дека сме сиромашна земја, дека сме постконфликтно општество, кое сè уште си ги залечува раните од сопствените збиднувања, и дома и во регионот, и дека ни треба една мирољубива политика, повеќе инвестиции дома, во внатрешните состојби“, посочи Ванковска.

Доколку биде избрана, Ванковска навестува промени и во релациите кон ЕУ.

„Начинот на кој Брисел ги води преговорите на штета на Македонија, постојано наоѓајќи креативни решенија за некои други држави, кои се далеку зад нас во развојот.. Ако продолжат така, ние ќе треба крајно да се понижиме себеси за да дозволиме да нè третираат на тој начин. Мислам, еве, тоа нека биде мој дипломатски чекор: Да покажете гордост и да кажете дека не сте подготвени да чекорите на тој начин и под тие услови, за и тие малку да се преиспитаат“, вели Ванковска.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG