Областа Тусон на границата меѓу САД и Мексико минува низ пустината Соноран. Тоа е непростлива средина за мигрантите.
„Првата пречка е теренот, особено овде во областа Тусон, која е многу негостопримлива. И тогаш на тоа ја додавате климата, со жештината се зголемуваат опасностите од патувањето”, вели агентот на американската гранична патрола Мартин Вилан и додава дека следната пречка е граничниот ѕид. Останатите се помалку очигледни.
„Ја користиме технологијата на камерата, технологијата на сензорите и нашата брза реакција за да одговориме кога некој ќе ја премине границата надвор од граничниот премин“, посочува Вилан.
Сепак, рекорден број мигранти ја преминале јужната граница на САД во 2023 година. Дури и во негостољубивата област Тусон, каде што се наоѓа Ногалес, забележани се рекордни бројки на мигранти кои се обиделе да ја преминат границата.
„Од прогласувањето на извршната наредба, нашите бројки се намалени”, вели агентот на американската гранична патрола Роберт Ортиз и посочува дека извршната наредба потпишана од претседателот Џо Бајден во јуни ги заостри ограничувањата за влез на мигранти и баратели на азил во земјата.
„Покрај тоа, наредбата ни помага во процесот на отстранување. Многу од тие работи се забрзани”, вели Ортиз.
Граничната патрола вели дека во областа Ногалес фатила луѓе од повеќе од 150 земји. Бројот на пристигнувања на мигранти од африканските и азиските земји, исто така, забележа пад.
„Затоа што пораката се пренесува до остатокот од светот дека има последици за нелегално влегување овде во САД“, вели Ортиз.
Но, за некои експерти, граничната безбедност е повеќе од само пречки.
„Мислам дека зборуваме за обезбедување на границата без навистина да знаеме што значи тоа“, вели Ана Очоа О'Лири, ко-директорка на Бинационалниот институт за миграција на Универзитетот во Аризона.
„Тоа што мислам дека треба да вклучува безбедна граница е решавање на основните причини за имиграцијата, основните причини кои ги инспирираат и ги тераат луѓето да ја преминат границата без овластување“, додава таа.
На само неколку недели до претседателските избори во ноември, имиграцијата е главен проблем. Но, за пограничните заедници, О’Лири вели дека односот со имиграцијата е комплициран.
„Затоа што знаеме дека луѓето пристигнуваат овде легално и се уште се сметаат за лоши имигранти, така што тоа не прави разлика. Ние сме продукти на тоа одење напред-назад преку граница легално или нелегално“, вели О'Лири.
Во меѓувреме, Граничната патрола ќе продолжи да работи за да ги спречи луѓето илегално да ја минуваат границата.
Facebook Forum