Линкови за пристапност

Белата куќа потврди: Русија развива анти-сателитско оружје


Белата куќа потврди: Русија развива анти-сателитско оружје
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:00 0:00

Русија развива анти-сателитско оружје, потврди Белата куќа во четвртокот, откако еден конгресмен алармираше поради, како што рече, сериозна закана за националната безбедност. Законодавците се состанаа зад затворени врати за ова прашање. Анита Пауел со детали.

Сите очи се вперени во небото, откако Вашингтон потврди дека Русија лансирала ракета претходно овој месец.

Москва работи на технологија, за која Белата куќа вели дека може да го прекрши Договорот за забрана на оружје за масовно уништување во вселената.

„Можам да потврдам дека тоа е поврзано со анти-сателитскиот капацитет што Русија го развива. Сакам да бидам јасен за неколку работи - прво, ова не е активен капацитет, што е распореден. Иако руската намери се вознемирувачки, не постои непосредна закана за ничија безбедност. Не зборуваме за оружје што може да се користи за напад врз човечки суштества или за физичко уништување на Земјата“, истакна Џон Кирби, од Советот на Белата куќа за национална безбедност.

Конгресот се состана на брифинг зад затворени врати за ова прашање.

„Сите дојдовме со многу силен впечаток дека актуелната администрација го сфаќа ова многу сериозно и дека администрацијата има план“, смета републиканскиот конгресмен, Мајк Тарнер.

Претставници на Пентагон изјавија дека Вселенските сили на САД се подготвени да се бранат. Аналитичарите велат армијата има јасна слика за опасностите во вселената.

„Додека во минатото, вселената беше секундарен приоритет за сите други воени сили, сега тоа е врвен приоритет за Пентагон, и тие навистина почнуваат да анализираат“, истакнува Тод Харисон од Американскиот Институт Ентерпрајз.

Многу од заедничките активности - од глобалните системи за позиционирање кои управува со масовниот транспорт, до воените системи, па, се до сателитите за временска прогноза - се контролираат од вселената.

Харисон рече дека и другите земји се свесни за ова, и дека развиваат сопствена воена технологија.

„Ја користиме вселената за толку многу различни работи во армијата, што, ако некој противник може да ни го одземе просторот и да ни ја оневозможи можноста да ги користиме тие вселенски системи, тоа би го сторил. И други нации, како Русија и Кина особено, ги развиваат овие анти-сателитски капацитети, со години“, вели Харисон.

Експертите за контрола на оружјето забележуваат дека договорот од 1967 година не ги наведува последиците. Но, прекршувањето на Договорот ќе ги алармира другите големи сили.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG