Линкови за пристапност

Бајден и Трамп со различни идеи за контрола на оружјето


Бајден и Трамп со различни идеи за контрола на оружјето
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Според американскиот Архив за огнено насилство, речиси 4.800 луѓе загинале од насилство со оружје оваа година. Околу 250 од нив биле тинејџери. Двајцата фаворити за претседател на САД, Џо Бајден и Доналд Трамп промовираат различни идеи за контрола на оружјето. Известува Керолин Пресути. 

Милион фанови се собираат за да ја прослават победата на Канзас Сити на Супербоул. Радоста се претвора во страв, додека тројца мажи почнаа да пукаат. Мајка загина, дваесетина други се ранети.

Полицијата вели дека до крајот, 12 лица извадиле пиштоли.

Според Архивот за огнено насилство, речиси 4.800 луѓе загинале од насилство со оружје оваа година. Околу 250 биле тинејџери.

Североисточниот град Филаделфија постави рекорд пред три години со повеќе од 560 убиства. Тоа е местото каде што претседателот Џо Бајден ја водеше кампањата оваа недела, спомнувајќи ги последиците од криминалот врз студентите.

„Размислете за тоа: идејата САД да предаваат вежби за цивилна заштита во училиштата. Повеќе деца убиени при насилство со оружје од отколку речиси што било друго“, рече Бајден.

Мерка на администрацијата на Бајден наскоро ќе ги прошири проверките при сите продажби на оружје што покажуваат профит. И за време на говорот за состојбата на државата минатиот месец, Бајден го предупреди Конгресот…

„Барам забрана за полуавтоматско оружје и шаржери со голем капацитет“, најави Бајден.

Кога беше претседател, Доналд Трамп започна операција за да се спречи криминалот, што резултираше со полициски реформи и 5.500 апсења.

Тој, исто така, понуди вишок воена опрема на локалните одделенија и потпиша закони за кривичната правда за да се намали повторување на криминалот.

„Значи, ако нешто се случи и згрешат, добиваат втора шанса за живот, “ изјави Трамп во ноември 2018 година.

За време на кампањата, поранешниот претседател Трамп го поврзува криминалот со илегалната имиграција.

„Го нарековме мигрантски криминал. Треба да се нарече мигрантски криминал на Бајден, но тоа е предолго. Но, секогаш ќе се сеќавате дека Бајден ни го даде“, истакна Трамп неодамна.

Оваа недела Трамп посети мала продавница во Харлем.

„Го сакам овој град. И, стана толку лошо во последните три, четири години, и ние ќе го поправиме Њујорк. Значи, со кандидатурата за претседател, ќе вложиме напор за успех на Њујорк“, рече Трамп.

Истражување на „Пју“од крајот на минатата година откри дека еден од тројца Американци поседува пиштол, додека нешто повеќе од половина претпочитаат построги закони за оружје. Но, во поделен Конгрес, тоа е малку веројатно дека ќе се случи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG