Линкови за пристапност

Баратели на Азил наоѓаат засолниште во мала црква во државата Вашингтон во САД


Баратели на Азил наоѓаат засолниште во мала црква во државата Вашингтон во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:02 0:00

Иако бројот на мигранти кои секојдневно преминуваат во САД се намали од декември, локалните заедници сè уште се борат да им обезбедат ресурси. На северозападниот дел на Тихиот Океан, една мала Црква стана засолниште за бегалци од Африка и Јужна Америка. Известува Наташа Мозговаја.

Џин Болерџек е свештеничка на Обединетата методистичка црква Ривертон Парк во Туквила, предградие на Сиетл. Во изминатата година, црквата им помогна на околу илјада мигранти да најдат засолниште, храна и облека.

„Некако ова место е наведено низ целата земја и долж границата дека е местото каде што треба да се оди“, вели Болерџек.
Уште од утрината, отворената врата на црквата за најзагрозените беше исполнета со локални донации и поддршка од градот. Но, Болерџек вели дека тие ограничени ресурси сега се малку - со оглед дека има 25 нови баратели на азил неделно.

„Спијат на душеци од ѕид до ѕид. Сите работи кои ги носат со себе се во собата. Тоа не е најдобриот начин на организирање, но е најдоброто што можеме да го направиме“, додава Болерџек.

Џеремаја Лефау вели дека ја напуштил Ангола со сопругата и децата во декември 2022 година.

„Кога пристигнав овде во САД, немав каде да одам. Ме заштитија, а потоа ми дадоа храна и се чувствував безбедно“, вели Лефау.

За разлика од бегалците, кои може да добијат помош преку програми за преселување, барателите на азил може да завршат како бездомници, без средства да се издржуваат додека не им биде одобрено барањето за работна дозвола.
Болерџек вели дека во изминатата година, само едно лице кое барало засолниште во нејзината Црква ја добило својата работна дозвола.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG